Папата испрати порака до бразилскиот народ

Папата испрати порака до бразилскиот народ

Во пораката за Кампања за братство, папата Фрањо го поттикнува бразилскиот народ во овој Велики пост да го остави на страна злопамтилото, гневот, насилството и осветата, зaтоа што тоa е неопходен услов за совладување на насилството.

Прошката е „средство“ ставено во нашите слаби раце за да постигнеме смирено  срцето, мир – истакнува папата Фрањо во пораката упатена – како што пишува – до браќата и сестрите во Бразил, по повод Кампањата за братство и совладувањето на насилството, која во таа јужноамериканска земја се одржува секоја година, а започнува на Чиста среда. Папата вели дека понекогаш е тешко да се прости, и ги поттикнува Бразилците да го остават на страна злопамтилото, гневот, насилството и осветата, затоа што – вели – тоа е неопходен услов за совладувањето на насилството.

Кампањата за братство 2018

Спомнатата иницијатива веќе е традиционален настан во Великиот пост покренат од надбискупијата во Бразилија, со цел промовирање на културата на мирот, помирувањето и праведноста, а ова година се одржува на тема „Братството и совладувањето на насилството.“ Мотото на иницијативата гласи „Сите сте браќа.“

Божјата љубов видлива во сите средини и на сите настани

Желбата на папата Фрањо е да се направи Божјата љубов да стане видлива меѓу нас, во нашите семејства, во заедниците и во општеството, а ние да станеме протагонисти во совладувањето на насилството правејќи се гласници и градители на мирот. И тоа мир кој е резултат на интегралниот развој на сите луѓе – додава Папата – мирот кој се раѓа од новиот однос исто така со сите созданија. Мирот се гради ден по ден, трпеливо и милосрдно, во крилото на семејството, во динамиката на заедницата, во работните односи, во односнот кон природата. Станува збор за мали гестови на почитување, слушање, дијалог, тишина, наклонетост, прифаќање и интеграција кои создаваат простор на кој се вдишува братството – истакна Папата.

Едно Христово семејство

На крајот, во Христос сме едно семејство, родени од крвта на Крстот, нашиот спас – вели папата Фрањо и на крајот изразува надеж дека со заштитата на Нашата Пресвета Богородица од Апарецида, црковните заедници во Бразил ќе го навестуваат преобраќањето и денот на спасението за соживот без насилство, за таа цел одејќи по посебни патишта, во таа земја во која – според неодамна објавените податоци – се извршени 13% од направените убиства во целиот свет.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот