Папата го прифати повлекувањето на кардинал Комастри од неговите три служби кои ги извршуваше во римската Курија и именува негов наследник
Папата Фрањо го прифати повлекувањето на кардинал Анџело Комастри од функциите генерален заменик на Неговата Светост за градот Ватикан, архипрезвитер на Папската базилика Свети Петар во Ватикан и претседател за одржување на Свети Петар. Сите овие позиции ги пополни кардинал Мауро Гамбети, поранешен генерален чувар на манастирот Sacro Convento во Асизи.