Папата Фрањо на 24 јули 2018 година упати телеграма со сочувство заради жртвите од поплавите во Лаос до кои дошло откако пукнала брана на хидроелектрана во изградба, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
„Дознавајќи за жалосната вест за загинатите и повредените во големите поплави до кои дошло откако пукнала брана на југоистокот на Лаос, Неговата Светост папата Фрањо изразува искрена солидарност со сите оние кои се погодени од таа катастрофа. Неговата Светост се моли посебно за покој на душите на загинатите, за оздравување на повредените и за утеха на сите оние кои ги оплакуваат своите најмили и за оние кои стравуваат за животите на исчезнатите.
Светиот Отец исто така упатува зборови на охрабрување до граѓанските власти и до сите оние кои се вклучени во потрагата и спасувањето и вложуваат напори во пружењето помош на жртвите на оваа трагедија. На сите им го упатува својот благослов, се вели во телеграмата со сочувство која до локалните црковни и граѓански власти во име на Папата ја упатува државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.
Ватикан њуз/к.мк