Папата изрази солидарност и сочувство со погодените од пожарите во Калифорнија

Папата изрази солидарност и сочувство со погодените од пожарите во Калифорнија

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство во која ја изразува својата солидарност и близина со населението на американската сојузна држава Калифорнија, кое е погодено од катастрофалните шумски пожари.

Во пораката, која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец ја гарантира својата молитва, порачува дека во мислите посебно му се оние кои ги загубиле своите сакани, како и оние кои стравуваат за животите на исчезнатите. Папата ги охрабрува цивилните власти и спасувачите кои им помагаат на оние кои се погодени од таа трагедија, и на крајот ги благословува сите.

Во Калифорнија веќе неколку денови беснеат шумски пожари кои дополнително се поттикнати од силни ветрови. Медиумите известија дека до сега во пожарите има загинато повеќе од 30 луѓе, а бројни се и луѓето кои се присилени да ги напуштат своите домови. Станува збор за најлошите пожари во историјата на американската сојузна држава.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот