Папата: И јас понекогаш заспивам за време на молитвата

Папата: И јас понекогаш заспивам за време на молитвата

Понекогаш за време на молитвата ми се случува да заспијам. Тоа ѝ се случувало и на света Тереза на Детето Исус. Зборувала дека на Бог Отецот му се допаѓа кога личноста ќе заспие – рече папата Фрањо за време на емисијата „Padre nostro – Оче наш“ емитувана на италијанскиот телевизиски канал TV2000.

Станува збор за емисија која ја води дон Марко Поца, млад капелан во затворот од Падова. Од средбите со дон Марко и одговорите на Папата се раѓа и книгата „Оче наш“ која во Италија ќе биде во продажба од 23 ноември ова година.

Надоврзувајќи се на претходната мисла, Папата во разговорот вниманието го свртува на Псалм 130 во кој молителот се споредува „како дете кон мајката своја.“ Тој Псалм објаснува дека јас пред Бог сум како дете во рацете на својот Отец, и тој детски спокој во рацете на Отецот на тој начин се смета како еден од бројните облици како се посветува Божјото име– рече папата Фрањо.

Освен тоа, Светиот Отец остро ги критикуваше неверодостојните христијани кои тврдат дека се христијани, дека имаат Отец, но живеат како луѓе кои не веруваат, ниту во Бог, ниту во луѓето, без вера; живеат кажи речи правејќи зло, не живеат во љубовта, туку во омразата, конкуренцијата, војната. Папата Фрањо предупреди дека Божјото име не го посветуваат христијаните кои меѓусебно се борат за моќ, ниту оние кои ангажираат убијци за да се решат од својот непријател, ниту оние кои не се грижат за своите деца.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот