Папата за ТВ2000: Марија не може да биде мајка на корумприани

Папата за ТВ2000: Марија не може да биде мајка на корумприани

Молитвата за корумпираните е за да ги раздрма некој потрес за да сфатат дека светот не започнал со нив и нема да заврши со нив – рече папата Фрањо во разговор со дон Марко Поци, во новата епизода на серијалот „Аве Марија“, кој се емитува на италијанската телевизија ТВ2000.

Во ова седмо продолжение, Папата се осврнува за корумпираните лица. Кога би кажал дека не сум грешник, би бил најкорумпиран – вели папата Фрањо одговарајќи на прашања од дон Марко Поци.

Корумпирани

Марија не може да биде мајка на корумпирани, затоа што таквите луѓе ја продаваат сопствената мајка – додаде Светиот Отец – ја продаваат припадноста кон народот, ја продаваат припадноста кон семејството. Таквите лица бараат само економски, интелектуален и политички профит. Донесуваат егоистични одлуки, дури би кажал сатански. Ја затвораат вратата одвнатре, и така Марија не може да влезе. Не дозволуваат на мајката да влезе – рече папата Фрањо и објасни: Поради тоа се затвораат, не им треба мајка, ниту пак татко, ниту припадност кон нардот, татковината, семејството. Живеат во себељубие, а татко на тоа, оној кој на тоа ги поучил е ѓаволот. Затоа молитвата за корумпираните е за да ги раздрма некој потрес за да станат свесни дека светот не започнал со нив и нема да заврши со нив.

Марија ги прима сите луѓе

Сепак Богородица ги прима сите луѓе. Марија го придружува патот на нас грешниците – објасни Папата – секој со неговите гревови и се моли за нас грешниците. Затоа треба да кажеме на Марија: „Грешник сум, но ти ме чувај“. И таа не чува – истакна Папата спомнувајќи се на своето детство рече дека неговата мајка, зборувајќи за своите пет деца, истакнувала: „Моите деца се како прстите на рацете; секој од нив е различен, но ако ме прободат во еден прст, сите подеднакво ме болат како да сум прободена во некој друг прст“.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот