Примајќи ги учесниците на конференцијата, која завршува во петок 27 јануари 2023 година во Урбанијана, под наслов „Жени кои градат култура на меѓурелигиски средби“, папата Фрањо истакна дека праксата за средба станува ретка, но тоа е еден од најголемите дарови што може да се понуди на семејствата, заедниците и општеството.
Светиот Отец го изрази своето задоволство од иницијативата на организаторите – Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог и претседателките на Светската унија на женски католички организации, посебно истакнувајќи дека тоа е „невообичаен настан“.
Благодарност до оние кои се справуваат со раните на светот
Папата ја пофали средбаат, бидејќи оние кои учествуваат на неа, во срцето ги имаат грижите на – како што рече – ранетиот свет.
Не е вообичаена појава верниците од дванаесет религии од целиот свет да се соберат и да разговараат за важни прашања кои се однесуваат за средбата и дијалогот со цел промовирање на мирот и разбирањето во нашиот ранет свет. И бидејќи конференцијаат е посветена на слушање на искуствата и перспективите на жените, таа е уште поважна.
Папата ја спомна Завршната декларација на VII. конгрес на светските верски лидери и традиционалните религии на кој учествуваше во септември минатата година, во која се истакнува дека жените се патот кон мирот, бидејќи тие му даваат грижа и живот на светот.
Важноста за меѓурелигиската соработка
Вклучувањето на Црквата во соработка меѓу верниците од различни верски традиции е важно – истакна Папата – затоа што секој, лично, има богатство што може да му го понуди на светот за да внесе во него дух на прифаќање, грижа и братство. Затоа, упатувањето на енцикликата Fratelli tutti (бр. 48) е многу неопходно за да се потсетиме на примерот на гостопримливо однесување што оди подалеку од секое самодопадливост. Папата додаде дека активноста на средбата и отвореноста што ја бара стануваат ретки, а нејзиното практикување е еден од најголемите подароци што можете да ги понудите на вашите семејства, заедници и општество во целина.
Размената на практични искуства дава сила и креативност
Светиот Отец се заблагодари за вложените напори за унапредување на достоинството посебно на жените и девојките и ја ветува личната поддршка во споделувањето на знаењата и практичните искуства.
Тие ви даваат сила и креативност кога, во вашите заедници, работите за да им помогнете на многу луѓе кои бараат материјално олеснување од страдањето, а уште повеќе, смисла и цел во сопствениот живот.
Ватикан њуз/к.мк