Канцеларијата за печат на Светиот Престол во најновите информации за здравствената состојба на папата Фрањо во средата навечер, 19 февруари 2025 година, информира дека клиничката состојба на папата Фрањо е стабилна, и дека денеска се сретна со своите најблиски соработници, а ја прими во посета и италијанската премиерка Џорџија Мелони.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави следната информација во врска со здравствената состојба на папата Фрањо:
Клиничката состојба на Светиот Отец е стабилна. Испитувањата на крвта, оценети од медицинскиот персонал, покажуваат благо подобрување, особено кај воспалителните маркери.
По појадокот, Папата прочита неколку весници, а потоа продолжи со својата работа со своите најблиски соработници. Пред ручекот прими Евхаристија. Попладнето ја прими во посети премиерката Џорџија Мелони со која приватно помина 20 минути.
Ватикан њуз/к.мк