Доброто се прави во конкретни ситуации во секојдневниот живот и посебно е делотворно кога за направеното не се бара награда – е пораката на папата Фрањо на неговиот Твитер профил во вторникот 1 август 2017 година, кога Црквата го слави споменденот на свети Алфонс Марија де Лигори, бискуп и црковен научител, основач на монашката заедница Пресветиот Откупител (Редемптористи), заштитник, исповедник и теолог, како и созаштитник на градот Наполи.
Станува збор за еден од најпопуларните светци во XVIII век. Имал многу интензивен живот, повик на кој семејството се противи и апостолат, кој не секогаш бил прифатен во црковните кругови.
РВ/к.мк