Папата до Швајцарската гарда: Вашата служба е сведоштво за вашата вера

Папата до Швајцарската гарда: Вашата служба е сведоштво за вашата вера

Папата Фрањо ги поздрави офицерите и членовите на Папската швајцарска гарда и ги охрабри регрутите да го искористат времето на служба во Ватикан за да ја продлабочат својата католичка вера.

Светиот Отец во сабота 6 мај 2023 година ги прими во аудиенција во салата Клементина швајцарските гардисти кои се подготвуваат за традиционалната свечена заклетва на регрутите, која се одржува секоја година на 6 мај,

На тој ден се одбележува годишнината од херојската жртва на 147 швајцарски гардисти кои загинале за време на грабежот на Рим во 1527 година додека го штителе папата Климент VII.

Поздравувајќи ги командантот на швајцарската гарда, полковник Кристоф Граф, капеланот фра Дамас во Ватикан, сите офицери и останати членови со нивните семејства, папата Фрањо посебно им оддаде признание на 23 регрути кој на овој ден во попладневните часови во дворот Свети Дамаз во Ватикан ќе дадат свечена заклетва.

По повод заклетва на 23 регрути на Папската швајцарска гарда светата Литургија во базиликата Свети Петар ја служеше префектот на Дикастеријата за промовирање на христијанското единство, кардинал Курт Кох.

Големо семејство

Според папата Фрањо, Папската швајцарска гарда е „големо семејство“ и „место на раст“, „средина на човечка и христијанска формација“.

Младите се збогатени со искуството на постарите кои, пак, можат да се едуцираат и да учат од отвореноста на младите, од нивниот ентузијазам што ги наведува кон постојано истражување, поттикнати од позитивна љубопитност. Посебно на вас регрутите ви велам: не губете ја храброста и страста за откривање нови работи!

Вера и служење на Папата

Швајцарската гарда, со својата сина, црвена и темно жолта униформа, всушност ги поздравуваат сите што влегуваат во државата Ватикан, секој ден во годината.

„Со задоволство мислам на тоа – вели Римскиот бискуп, обраќајќи им се на посебен начин на младите регрути – за вашата одлука да ставите на располагање неколку години од животот за служење на Папата и Светиот Престол, не е туѓа за вашиот личен пат на верата“.

Потоа ги охрабри „добро да го искористат времето“ на служење во Ватикан за да ја продлабочат и практикуваат католичката вера што ја добиле од нивните семејства, преку читање на Светото Писмо, размислување за духовни текстови, учество во неделната евхаристија и Светите Тајни.

Секоја ситуација, секоја средба може да биде можност да се спроведе во пракса Христовото Евангелие, да се учите од него и да се живее братска љубов во негово име и со неговиот Дух, рече Папата.

Вашето послание овде во Ватикан е патот кој Господ ви го отворил да го живеете вашето крштение и радосно да ја сведочите вашата вера во Христа. Таа вера ја научивте во семејството, ја негувавте во парохијата, покажувајќи го интензитетот на поврзаност на швајцарските католици со Римската црква.

Благодарност

На крајот, Светиот Отец ја обнови својата благодарност до сите нив за нивната „вредна и дарежлива соработка“ и сите присутни, како и целиот швајцарски народ го довери под заштитата на Пресвета Богородица и патронот Свети Никола од Флуе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот