Папата до пливачите: Водата е живот, не дозволувајте да се загади

Папата до пливачите: Водата е живот, не дозволувајте да се загади

На 24 јуни 2017 година папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците на италијанскиот пливачки турнир „„Settecolli“, при што им се обрати кратко. Светиот Отец апелира телото да не се претвори во идол и ја нагласи внатрешната духовна потреба.

„Спортот е празник кој не е лишен од содржина, бидејќи пренесува сѐ повеќе потребни вредности во нашето општество кое ги окарактеризира како ‘течни’, лишени од отпор. Папата понатаму додаде: „вашиот спорт се остварува во вода, но не е ‘течен’, напротив, тој е многу „чист”, бара постојани напори и духовна сила”.

Папата посочи дека натпреварот во вода „може да биде и придонес за една друга култура за водата: водата е живот, без вода животот не постои”. Да се зборува за животот е исто како да се зборува за Бог – почеток и извор на живот, нашиот христијански живот исто започнува со знакот на водата, со крштението:

„Водата во која пливате во која се нуркате, играте, на чија површина стоите, бара многустрано внимание: вредноста на телото, кое треба да се негува, но не и да се претвора во идол; потребата од внатрешна духовност и потрагата по смисла за она што го правите; сила и храброст да се издржи заморот; јасна визија за тоа каква крајна цел се бара во животот и како таа да се постигне; вредност на вистината, што значи транспарентност, јасност, внатрешна чистота”.

На крајот папата Фрањо истакна: Во контакт со водата, учете се да реагирате кон сѐ што загадува, како во спортот, така и во животот…. Драги тренери и спортисти, ви благодарам на посетата. Ви посакувам секое добро во остварување на вашите активности, вашите семејства и планови. Господ нека ве благослови и секогаш нека ви ја дава радоста за спортско натпреварување во духот на братството – рече Папата на крајот од средбата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот