Папата до младите: Да не бидете туристи во животот

Папата до младите: Да не бидете туристи во животот

На денешните млади потребна им е храброст во морето на културата на осаменост и безнадежност – рече папата Фрањо за време на средбата со младите во Џенова, на 27 мај 2017 година, кои се ангажирани во бискупиите, повикувајќи ги притоа да дозволат да бидат предизвикани од Исус.

На младите им е потребно храброто срце на големите морепловци, за да бидат денес вистински мисионерски христијани, христијани кои трагаат за вистината, кои пловат кон хоризонтот. Но, притоа бидете внимателни на тоа што ви продаваат, па и на медиумите – предупреди Светиот Отец. Немојте да голтате сѐ што ви нудат.

Љубовта е најважната работа во излегувањето, ништо не можеме да оставиме без љубов, а составен дел на таа љубов е допирајте и не судете остро – рече Папата. Никогаш немојте да исклучувате, ниту да изолирате, ниту да игнорирате, ниту да придодавате имиња на оној покрај вас – рече Папата и продолжи: Нашето општество има наклонетост да го презира другиот, но ние не можеме да осудуваме, затоа што само Бог може да суди и тој ќе го суди секој поединечно од нас. Светиот Отец така повикува да му пристапуваме на ближниот, да го допираме. Да се љуби е способност да ги допираме валканите раце на бездомникот и да го гледаме во очи, размислувајќи притоа: за мене ти си Исус – рече папата Фрањо.

Треба да го очистиме посланието од размислувањето дека постои Црква на чистите и Црква на нечистите – предупреди и продолжи: Сите ние истовремено сме деца Божји и грешници, во целата внатрешност престојува Светиот Дух кој има способност да нѐ направи свети. Посланието се однесува на сите нас, тоа го преобразува нашиот поглед – рече Светиот Отец.

Папата ги поттикна младите да не бидат „туристи во животот“, да го отфрлат површното гледање на реалноста, а да прифатат сериозен ефикасен став кон животот. Ги советуваше исто така секогаш да се прашуваат: „Дали тоа е нормално?“ Дали е нормално што Средоземното Море стана гробишта? Дали е нормално многу земји да ја затвораат вратата на луѓето кои бегаат од гладот и војната, барајќи сигурност? Ако тоа не е норамално, морам да се ангажирам за тоа да не се случува! – рече Светиот Отец и на крајот ги благослови затворениците кои ја следеа средбата на Папата со младите преку телевизиските екрани.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот