Папата Фрањо во понеделник 2 октомври 2023 година во аудиенција ги прими мисионерите на Пресветото Срце, учесници на 26-то генерално собрание и ја истакна важноста за запознавање на Христос преку Евангелието, потоа продлабочување преку братско споделување, како и радосно навестување на Неговата љубов во нивното послание.
Говорот го започна со нагласување за важноста на историјата на монашка заедница основана од отец Шевалие во 1854 година, замислувајќи ги како мисионери на Божјата љубов. Тој ја истакна важноста на познавање на Срцето на Исус преку Евангелието, нарекувајќи го „Книга на Пресветото Срце“. Светиот Отец ги поттикна мисионерите да размислуваат за животот на Исус, бидејќи таму ќе го откријат Неговото неизмерно милосрдие, љубов и сочувство.
Тоа силно искуство за да стане светлина на нивниот пат, треба да се збогатува со споделување. Тоа е вториот елемент: продлабочување и разбирање на Словото преку братско споделување, рече Папата. Го спореди со учениците на пат за Емаус кои, откако го препознаа Исус, го споделија нивниот восхит и искуство еден со друг. Овој чин на споделување на радоста и восхитот при средбата со Господ е пракса на која Папата ги повика мисионерите.
Зборувајќи за улогата на споделувањето во животот на отец Шевалие, тој спомна како им пренесувал ентузијазам и соништа на своите колеги, кои ги нарекол „витези на Пресветото Срце“. Да се споделуваат искуствата од средбата со Христос во Словото, Светите Тајни и секојдневниот живот е од суштинско значење за поттикнување на единството и конструктивното ангажирање во заедницата. Папата ја истакна и важноста на радосното навестување во нивното послание. Петровиот наследник ги пофали мисионерите што го прифатија мотото „од его до ехо“, односно од себе до заедничкиот дом, семејство, заедница и целото создание.
Светиот Отец се осврна и на бројните предизвици со кои се соочуваат, како што се служењето на сиромашните, мигрантите и решавањето на неправдите ширум светот. Гикпоттикна да го прифатат сочувството на Христовото Срце и да дозволат Неговата нежност да ги обликува нивните планови и проекти. Ве молам, не плашете се од нежност! Божјиот стил може да се сумира во три збора: близина, сочувство и нежност. Бог е таков: близок, сочувствителен, нежен. Бидете такви со другите – рече Папата. Таа близина, сочувство и нежност – додаде тој – ќе ја добиете во дијалогот со Исус. Молитвата е многу важна за да може се случи сето тоа. Без молитва, работите не функционираат.
Продолжете да работите со ентузијазам. Бегајте од тагата, која е црв што го уништува личниот и посветениот живот! Тагата што те разбива, не добрата тага на покајанието, тоа е друга работа, но секојдневната тага е црв што уништува. Ве благословувам од срце. И се препорачувам да се молите за мене, бидејќи тоа ми е треба, оваа работа не е така лесна!, рече Римскиот бискуп. На крајот, ги охрабри да прифатат сочувство и нежност во нивните интеракции и пред сè, да ја одржат својата мисија преку молитва.
Ватикан њуз/к.мк