Папата до Меѓународната теолошка комисија: Традицијата не е „заостанатост“

Папата до Меѓународната теолошка комисија: Традицијата не е „заостанатост“

Примајќи ги во аудиенција членовите на Меѓународната теолошка комисија, која Павле VI. ја воспостави во 1969 година, папата Фрањо зборуваше за креативната верност на традицијата и ги охрабри присутните да ја преземат со вера и љубов обврската да вршат теолошка служба преку процесот на црковна синодалност, за да произлезе способност за слушање, дијалог и расудување.

Традицијата овозможува Црквата да расте оддоле кон нагоре, како корените во однос на дрвото. Но, денес постои голема опасност од враќање назад, од „заостанување“, што води кон размислување според логиката: „отсекогаш така се правело“ – предупреди папата Фрањо, примајќи ги во Ватикан во четврток 24 ноември 2022 година членовите на Меѓународната теолошка комисија, кои – како што рече – продолжуваат да ја вршат својата служба со обновена посветеност по патот на Вториот ватикански собор.

Зборувајќи без претходно подготвен текст, Папата ги поттикна теолозите да „одат понатаму“. Додека катехистот треба да им пренесе цврста наука на децата, а не евентуално иновации, теологот треба да оди понатаму, а Учителството ќе го запре – посочи Светиот Отец и додаде дека е добра мерка професорите по теологија да се запрашаат дали теолошките предавањата предизвикуваат восхит кај оние што ги следат. Освен тоа, Папата ги охрабри членовите на Меѓународната теолошка комисија да го зголемат бројот на жени, не затоа што тоа е во мода, туку затоа што размислуваат поинаку од мажите и на тој начин теологијата ја претвораат во нешто подлабоко и повкусно.

Креативна верност кон традицијата

Креативна верност кон традицијата, можност за разборита отвореност кон придонесот на различни дисциплини и колегијалност – ова се трите „насоки“ кои папата Фрањо ги посочи на Меѓународната теолошка комисија. Зборувајќи за креативната верност кон традицијата, истакна дека станува збор за прифаќање со вера и љубов, применувајќи ја строго и отворено обврската за вршење на теолошката служба и тоа слушајќи го Божјото Слово, „sensus fidei“ (со чувство за верниците) на Божјиот народ, Учителството и харизмата и со согледување на знаците на времето; и сето тоа заради унапредување на апостолската традиција, со помош на Светиот Дух, како што учи догматската конституција за Божјата објава „Dei verbum“.

Навистина, Бенедикт XVI ја опишува традицијата како жива река во која изворите се секогаш присутни (Катехеза, 26 април 2006); така што наводнува различни земјишта, храни различни географски области, правејќи го најдоброто од таа земја и најдоброто од таа култура да никне. На овој начин Евангелието продолжува да се воплотува низ сите страни на светот, секогаш на нов начин – истакна Папата.

Отвореност кон различни дисциплини

Втората насока се однесува на можноста, со цел компетентно и ефективно да се изврши делото на продлабочување и инкултурирање на Евангелието, за поразборито отворање за придонесот на различни дисциплини, благодарејќи на советувањето на експерти, вклучувајќи и некатолици.

Тоа е – како што посакував во Апостолскиот пттик Veritatis gaudium – за негување на принципот на интердисциплинарност: не толку во неговиот „слаб“ облик на едноставна интердисциплинарност, туку повеќе како пристап кој поддржува подобро разбирање на секој предмет на проучување од повеќе гледни точки; во неговиот „силен“ облик на трансдисциплинарност, да се стави сето знаење во просторот на Светлината и Животот што ги нуди Мудроста што доаѓа од Божјата објава – истакна Папата.

Колегијалност

Третата насока која Папата ја даде е колегијалноста. Ова посебно има важност и може да даде посебен придонес во контекст на синодалниот пат од 2021 до 2024 година, на кој е повикан целиот Божји народ. Ова е нагласено во документот, кој е составен во оваа смисла, за Синодалноста во животот и посланието на Црквата. Како и во секој друг христијански повик, службата на теологот, освен што е лична, е заедничка и колегијална. Затоа, црковната синодалност ги обврзува теолозите на теологија во синодален облик, промовирајќи меѓу себе способност за слушање, дијалог, распознавање и интегрирање на мноштвото и различностите, барања и придонеси – рече папата Фрањо.

Членовите на Меѓународната теолошка комисија се собраа на Генерално собрание за да разговараат за христијанската антропологија наспроти современите културни предизвици, Првиот вселенски собор во Никеја и неговата актуелност, како и за зачувувањето на целото создание.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот