Папата до млaдите: Не плашете се да бидете свети

Папата до млaдите: Не плашете се да бидете свети

На 13 мај 2018 година, папата Фрњо упати видео-порака до учесниците на меѓународното богородично бдение во светилиштето „Свети Гаврил“ недалеку од италијанскиот град Терама. Папата својата порака пред сѐ ја намени за младите.

Градете мостови, а не ѕидови!

Не плашете се да бидете свети, свртувајќи го својот поглед кон Марија, свети Гаврил и кон сите светци кои оделе пред вас и ви го покажале патот – им порача Светиот Отец на младите додавајќи дека тие се пророштвото за мирот и помирувањето за целото човештво. Притоа ги поттикна да градат мостови, а не ѕидови. Научете ги возрасните чии срца често стврднуваат, да го избираат патот на дијалогот и хармонијата за да им остават на своите деца и внуци уште поубав свет кој е подостоен за човекот – рече папата Фрањо.

Спомнатото бдение е дел од подготовката за епископската синода за младите која ќе се одржи во Рим, во октомври оваа година. На присутните по пат на видео- врска им се придружија и младите од Панама, каде во јануари 2019 година ќе се одржи Светскиот ден на млади, како и млади од Русија, Ирска и Тајван.

Не давајте да ве замолчат!

Драги млади не давајте да ве замолчат – рече Светиот Отец и продолжи: Сигурно, кој зборува може да згреши, па и младите понекогаш грешат, па луѓе се и грешат, на пример заради неразборитост. Но не плашете се да погрешете и да учите од своите грешки, така се напредува. Ако некој, дали вашите родители, свештеници или учители се обидат да ви ја запечатат устата потсетете ги дека на Црквата и на светот му се потребни млади за да се подмладат – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот