Папата до извидничките водачи: Повеќе се воспитува со животот отколку со зборови

Папата до извидничките водачи: Повеќе се воспитува со животот отколку со зборови

Во пораката до учесниците на Рутата на заедницата на водачи на извидници на Здружението на италијански католички водичи и извидници (Agesci), која заврши на  25 август, во Верона, Папата ја нагласува важноста на образовната обврска кон децата, адолесцентите и младите луѓе кои треба мудро да се следат и да се поддржуваат со љубов. Потребно е добро воспитување, истакнува Папата и додава: „Просветните работници воспитуваат првенствено со својот живот, а не со зборови“.

Здружението на италијанските католички водичи и извидници е просторија за обука на христијанскиот живот, можност за братско дружење, училиште за служење на другите, особено на оние во најнеповолна положба и на оние во потреба – нагласува папата Фрањо во пораката упатена до учесниците на Рутата на заедницата на водачи на извидници на Здружението на италијански католички водичи и извидници (Agesci) – од кои има околу 18 илјади и заврши на 25 август, во Верона. Не дозволувајте тешкотиите да ве парализираат, туку секогаш тргнете во потрага по планот што Бог го има за секого – ги охраби Папата, и дополнително ги поттикна да црпат нов ентузијазам од верата во Исус, учител и пријател, за да продолжат со радост, човечко и духовно одење во Црквата, сведочејќи го Евангелието во општеството.

Образовната обврска бара квалитетна формација

Во пораката Светиот Отец нагласува колку е деликатна „образовната обврска“ на извидничките водачи кон децата, адолесцентите и младите, кои треба мудро да се следат и да се поддржуваат со љубов. Затоа е потребна квалитетна формација, и наклонетост за слушање и сочувство со другите, како подрачје на кое евангелизацијата никнува и донесува плод. Всушност, неопходно е да се развие способноста за слушање и уметноста на дијалогот – забележува Папата – кои произлегуваат од молитвениот живот, во кој се влегува во дијалог со Господ, се застанува во неговото присуство за да се научи од Него уметноста на љубовта која се дарува и за да може животот полека да дојде во хармонија со срцето на Учителот.

Повеќе се воспитува со животот отколку со зборови

Папата Фрањо потоа потсетува дека Исус знаел како да се направи присутен или отсутен, знаел кога да коригира или пофали, да следи или кога било можност да испрати и да ги остави апостолите да се соочат со мисионерски предизвик, и дека благодарение на овие „формативни интервенции учениците малку по малку го прилагодиле својот живот на Господ. На крајот, папата Фрањо посочува дека воспитувачите воспитуваат пред сè со својот живот, отколку со зборови, и затоа нивниот постојан човечки и духовен раст е суштински за ефективно служење на младите генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот