На 8 септемри 2018 година папата Фрањо прими во аудиенција 75 епископи од мисионерските подрачја учесници на семинарот во организација на Конгрегацијата за евангелизација на народите. Обраќајќи им се Папата потсети дека епикопот треба да биде човек на молитва, навестување и заедништво.
Како грижливи татковци, а не господари кој од далечина им наредуваат на другите – такви се повикани да бидат епископите кои како Добриот Пастир треба на луѓето да им го донесуваат Исус и да го навестуваат Евангелието, подготвени и за целосно жртвување на себе си. Со зборови јасни, силни и полни со љубов кон Црквата, папата Фрањо им се обрати на неодамна именуваните епископи од мисионерските подрачја кои овие денови учествуваат на семинар во организација на Конгрегацијата за евангелизација на народите. Папата својот говор го започна со прашањето: кој е епископот?
Грижа за отфрлените
Светиот Отец пред сѐ потсети дека епископот треба да ги има карактеристиките на Добриот Пастир односно, тој не живее за себе, туку има сочувство посебно за оние кои се отфрлени, на кои – како што рече – кои најмногу треба да ја почувствуваат Божјата љубов
Човек на молитва
Епископот треба да биде човек на молитва која не смее да биде една од бројните обврски, туку треба да биде потреба. Со задоволство го прашувам секој епископ колку часа во денот се моли – рече Папата. Епископот секој ден треба да донесе пред Господ луѓе и ситуации и да има храброст и за дебатирање со Бог заради своето стадо.
Епископот не е управител на компанија, туку човек на навестувањето
Епископот е повикан да биде „човек на навестување“, а да се навестува не може седејќи, туку „во одење“ – предупреди Папата. Епископот не наоѓа задоволство во удобноста, не се чувствува принц, туку се жртвува за другите. Епископот не живее во концеларијата, како управител на некоја компанија, туку меѓу народот, на улиците на светот како Исус. Он го донесува својот Господ таму каде што не Го познаваат, каде го навредуваат и прогонуваат – рече Светиот Отец и додаде: И излегувајќи од себе повторно се пронаоѓа.
Моќ и световност
Папата добро знае дека навестувањето на Евангелието е подложено на искушението на моќта и световноста, дека постои опасност од претворање во глумец, наместо во сведок, и предлагање на Евангелието без распнатиот и воскреснат Исус. Напротив – истакна – да се навестува значи да се даде животот уверено и подготвено да прифатиме и целосно жртвување на самиот себе.
Епископот ја сака заедницата и не се одалечува често од бискупијата
Освен тоа епископот треба да биде човек на заедништво, треба да ја има харизмата на заедништвото – рече Папата. Имено на Црквата ѝ е потребно заедништвото, а не солисти надворот од хорот или водачи на лични битки. Пастирот собира; тој е епископ за своите верници и христијанин со своите верници. Епископот не е предмет за вести во весниците, не бара согласност од светот, не е заинтересиран за зачувувањето на добриот глас за себе, туку сака да создава заедништво, вклучувајќи се лично и делувајќи понизно. Не страда заради недостатокот на протагонизам, туку живее вкоренет на својата територија, одбивајќи го искушението често да се одалечува од бискупијата што – додаде Папата – е искушение „епископ на аеродром“ и да бега барајќи ја сопствената слава. Не смее да биде кариерист, ниту амбициозен, туку треба да го пасе стадото. (…)
Нека Божјиот народ за кој сте одредени ве чувствува како да сте татковци, а не господари; грижливи татковци; никој во однос на вас не смее да се чувствува како поданик. Во овој момент од историјата изгледа дека на повеќе страни сѐ посилни се стремежите кон „лидерството.“ Да се покажете силни луѓе кој држат одалеченост и им заповедаат на другите би можело да биде комотно, но не евангелски – рече папата Фрањо и додаде дека таквото однесување предизвикува непоправлива штета на стадото заради кое Христос го даде животот. Епископите напротив треба да бидат сиромашни во добрата и богати во односите, никогаш строги и намуртени, туку љубезни.
Семејствата, семинариите и сирмашните
Светиот Отец потоа истакна дека на епископите треба посебно да им бидат на срцето семејствата, младите, семинариите и сиромашните. Семејствата се изложени на негативни влијанија на културата која ја пренесува логиката на привременост – објасни Папата. Заради тоа треба да се промовира подготовката за брак, како и да се придружува тој пар; треба исто така да се штити животот од неговото зачнување како и оној на старите луѓе.
Што се однесува пак до семинариите Папата бара да ги водат Божји луѓе, способни и зрели, кои ја гарантираат формацијата за здрави луѓе. Освен тоа бара да се даде предност на расудувањето за да се помогне на младите да го препознаат Божјиот глас меѓу многумина кој одекнува во нивните уши и во срцето.
Папата Фрањо потоа од епископите побара да ги послушаат желбите и двоумењата на младите на кои е посветена следната синода која ќе се одржи во октомври. И кога изгледаат „заразени“ од конзумизмот и хедонизмот не треба да се ставаат „во карантин“ – предупреди Папата – туку треба токму тогаш да се бараат. Тие се иднината на Црквата и општеството; подобриот свет зависи од нив – потсети Папата.
И на крајот сиромашните. Да се сакаат значи да се бориш против сите сиромаштвата, духовни и материјални – истакна Папата. Со еден збор треба да се оди во животните периферии не плашејќи се да ги извалкаш рацете.
Светиот немир заради Евангелието
На крајот Светиот Отец ги поттикна епископите да се чуваат од млакоста која води до просечност и тромавост. Чувајте се од тоа. Чувајте се од мирот кој ја избегнува жртвата; пасторалното брзање кое води до нетрпеливост; изобилството добра кои го нагрдуваат Евангелието. Не заборавајте дека ѓаволот влегува низ џебовите! Ви го посакувам светиот немир заради Евангелието, единствениот немир кој дава мир – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк