Во сабота на 4 февруари 2017 година, објавено е писмото на папата Фрањо упатено до државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, кој го именува за Папски делегат на прославата на XXV Светски ден на болните, кој ќе се одржи во Лурд, Франција, на 11 февруари 2017 година.
Во писмото на латински јазик, Папата ги поздравува болните во целиот свет и ја изразува близината на своето срце до сите кои страдаат. Добро е во целост да се грижиш за човекот и никогаш да не ја изгубиш од вид душата, умот и телото – се истакнува во писмото. Наведувајќи ги зборовите од Книгата мудрости потсети дека Бог создал сѐ за да живее: Бог не ја создал смртта и не се радува на пропаста на живите (Мудрост Соломонова. 1, 13-14)
Спомнувајќи ја потоа Книга Сирахова, рече дека Бог им дал на луѓето наука за да можат да ја слават силата на делата негови; истовремено пастирите, лекарите и самите болни се повикани да Го молат Господ да ги води во ублажувањето и лекувањето на болестите. Папата Фрањо освен тоа ги повикува верниците упорно да го повикуваат застапништвото на Блажена Дева Марија „здравје на болните“ за да испроси од Синот изобилни милости: најмногу трпение во страдањето, доверба во Бог, благодарност за примените благодати, и голема љубов кон сите, и тоа имитирајќи ја верата на Петар, која и кога не ги сфаќал на Исус можел да каже: Господи каде одиме? Ти имаш зборови за живот вечен. (Ив 6, 68).
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк