Папата до богословите: Нека ве обликува понизноста

Папата до богословите: Нека ве обликува понизноста

На 12 декември 2024 година Светиот Отец ја прими образовната заедница на Меѓубискупска голема семинарија во Сантијаго де Компостела. Посочувајќи дека знае дека од септември годинава заживеа новата институција „меѓубискупска“ која обединува три бискупии, Папата најпрво ги поттикна да го продолжат патот со обновена надеж.

„Верувам дека сликата за ходочестие е соодветна да ја опише вашата формација. Како ходочесници, чувствуваме повик што не повикува да излеземе од себе; тргнуваме во авантура и почнуваме да одиме, доживувајќи различни моменти, за конечно да стигнеме до нашата цел. Истото се случува и во свештеничката формација, чија цел е формациија на пастири на Божјиот народ, обликувани според Христовото срце, понизни и милосрдни“,  рече Светиот Отец.

Ги повика да не заборават дека по пат ќе сретнат многу различни луѓе, кои можеби минуваат низ тешки времиња, можеби се ранети или кои не го познаваат Бога. „Бидете на сите сведоци на евангелската радост, нудејќи им ја нежноста и утехата Господова при лекувањето плускавици“,  ги повика папата Фрањо присутните богослови и воспитувачи и заврши:  „Драги браќа, се наближува Светата 2025 година, затоа со дарот на јубилејна благодат, да продолжиме да чекориме заедно, како ходочесници на надежта, кон рајската татковина“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот