Папата: Да молиме сите деца во светот да можат да живеат во мир

Папата: Да молиме сите деца во светот да можат да живеат во мир

По молитвата Ангел Господов во недела, на 21 декември, папата Лав XIV ги охрабри децата да молат пред Божиќната пештера и ги благослови нивните фигури со Детето Исус, според традицијата за четвртата недела од Адвент.

Погледи насочен кон прозорецот на Апостолската палата каде што беше Папата, со Детето Исус во рацете, кое го донесоа од дома за да го благослови папата Лав XIV. Многу деца се собраа денес, 21 декември 2025 година, на плоштадот Свети Петар со своите семејства и катехисти за да учествуваат во иницијативата што ја организира Центарот на римските ораториуми од 1969 година, со папата Павле VI, и која продолжува низ годините со другите наследници на Петар. Сепак, ова беше прв пат за папата Лав, кој во оваа прилика им даде на најмалите важно охрабрување.

Драги деца, молете се на Исус, пред Божиќната пештера, и за наканите на Папата. Особено, да се помолиме заедно сите деца на светот да живеат во мир. Ви благодарам од срце!

Благослов

Тоа е молитва за мир, истата онаа што Детето Исус ја носи на светот. Папата Лав XIV ги благослови фигурите, кои ќе бидат поставени – како што рече – во јаслите во вашиот дом, училиште и ораториум. Потоа додаде:

На Детето Исус и на сите изрази на нашата вера во Детето Исус, нека ве благословува Отецот, Синот и Светиот Дух секогаш.

Пред благословот, Римскиот епископ ги поздрави верниците од различни делови на Италија и светот, а посебни мисли упати до членовите на „Фондацијата Августинци во светот“ по повод нивната годишнина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот