Папата: Да се ​​служи на оние кои имаат потреба значи да се проширува Христовата милост

Папата: Да се ​​служи на оние кои имаат потреба значи да се проширува Христовата милост

На 3 јануари 2025 година, примајќи ги во аудиенција членовите на Врховното братство на витезите на Малта од Катанзаро, посветени на светите Иван Крстител и Иван Евангелист ги поттикна, особено во оваа Света година, да негуваат лична и заедничка молитва и да бидат блиски со малите и сиромашните, со сочувство и нежност.

Папата Фрањо ги прими членовите на Врховното братство на витезите на Малта од Катанзаро и ја изрази својата радост што се сретна со нив на почетокот на новата година во која ќе го славиме Јубилејот како време на помирување и надеж. Истакнувајќи дека зад нас е празнувањето на Марија, Пресвета Богородица, заштитничката на нивното братство, ја објасни нејзината титула „Ходигитрија“, според зборовите на Ивановото евангелие, како онаа „што го покажува патот, т.е. Исус, кој е Патот, Вистината и Животот и нагласи: Таа е таа што покажува на Исус, секогаш! Никогаш на себе, туку на Исус!

Споменувајќи дека во ваквото прикажување Марија го држи во прегратките Спасителот роден за нас, тој рече дека тоа е настан на љубовта, за што сведочат и како братство, поклонувајќи се на Евхаристијата, служејќи на другите и чекорејќи низ историјата на нивниот град. Во тој контекст, тој им зборуваше за три глаголи: „ поклони“, „служи“, „оди“.

Објаснувајќи го најпрво зборот почитување, тој истакна дека нивното братство се собира пред Светата Тајна, па затоа во Светата година ги повика да негуваат лична и заедничка молитва со голема посветеност, која постојано го обновува нивното братство и истакна дека ревноста го штити братството.

Од Господ Исус, кој нè храни со својот живот и нè поддржува со својот Дух, доаѓаат сите дарови, харизми, плодови на добрината што ја прават Црквата плодна и радосна, истакна Светиот Отец

Во врска со вториот збор „служење“, тој рече дека секој пат кога се грижите за сиромашните и ги посетувате болните, додека сте во друштво на оние кои страдаат, му служите на Господа, а постои многу тесна врска помеѓу обожавањето и служењето.

Папата нагласи: Христос дојде во светот да служи и вие како обединети лозови гранки ја проширувате неговата милост кога сте блиску до малите и сиромашните со сочувство и нежност. Тој повтори дека не треба да го заборават тоа сочувство и нежност кон малите и сиромашните, тврдејќи дека овие три збора заедно – близина, сочувство и нежност – покажуваат дека Бог е со нас. Бог е блиску до нас, Бог е сочувствителен, Бог е благ, рече тој, додавајќи дека тогаш ова сведоштво за посветеност кон Бога и браќата станува светлина и за другите.

Во врска со третиот глагол „оди“, Папата рече дека тоа нè потсетува дека Исус, Патот, нè повикува да го следиме упорно, држејќи го запален факелот на верата за време на нашето земно ходочестие. Како бискуп на Рим, тој им изрази посебна благодарност затоа што на Врховното братство на витезите на Малта од Катанзаро секоја година ја обезбедува велигденската свеќа за Латеранската базилика и придонесите што тие ги даруваат за Добротворната организација на Папата.

Папата Фрањо ги охрабри, да продолжат со надеж по патот на великодушноста по кој Господ секогаш ќе ги придружува. Исто така, ги благослови нивните семејства и ги покани, како и на крајот од неговите многубројни средби со верниците, да не заборават да се молат за него.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот