Во неделата, 13 октомври, во својот пладневен говор, Папата потсети и на иницијативата на фондацијата „Помош на Цркватам во неволја“, закажана за петок, 18 октомври, во знак на поддршка, како што информираат од Папската фондација, на Црквата и на сите кои не ја познаваат љубовта и мирот Христов
Папата Фрањо од срце им се заблагодари на сите деца кои ќе молат бројаница во петок на 18 октомври. Поздравувајќи ги ходочесниците и верниците собрани на плоштадот Свети Петар во недела, на 13 октомври, по молитвата Ангел Господов, Светиот Отец потсети на иницијативата на Фондацијата со Папско право „Помош на Црквата во неволја“, насловена „ Милион деца молат бројаница“ , а вклучува милион деца, на кои – како што рече Папата – им се придружуваме, доверувајќи го посредништвото на Пресвета Богородица и на Украина, Мјанмар, Судан и другото население кое страда поради војна и секој облик на насилство и беда.
Значењето на кампањата
Со кампањата „Милион деца молат бројаница“ – како што се наведува во соопштението на фондацијата – учиме да и веруваме на Богородица, за таа да интервенира за поддршка на Црквата и на сите оние кои не ја познаваат љубовта и мирот Христов. Воспитувањето на малите во вера и молитва е од фундаментално значење, бидејќи тие можат да станат извори на евангелизација за другите, а нивните молитви, родени од срца кои се надевваат, го привлекуваат Божјиот Дух во светот – се нагласува во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк