Папата: Да дозволиме Господ да нè утеши

Папата: Да дозволиме Господ да нè утеши

Да дозволиме Господ да нè утеши, отколку да се препуштиме на незадоволство и очај, поттикна папата Фрањо во текот на светата Литургија, на 11 декември, во домот Света Марта и продолжи со размислувањето за првото читање од Книгата на пророкот Исаија во кое Господ ветува утеха на својот народ.

„Господ дојде да нè утеши“ – истакна Папата и додаде: Свети Игнациј Лојолски ни зборува дека е добро да се контемплира за Христовата служба на утешител споредувајќи го начинот на кој некои пријатели ги утешуваат другите. А потоа е доволно да се помисли на воскресното утроо од Евангелието според Лука кога Исус се објавува на апостолите; толку ги обземала радост што не можеле да поверуваат.

Не е лесно да дозволиме да бидеме утешени, полесно е да ги утешуваме другите отколку да бидеме утешени – рече Светиот Отец и објасни дека често сме наврзани на негативното, наврзани сме на раната на гревот која е во нас, повеќе сакаме да останеме сами или на носилката како примерот од Евангелието, да останеме изолирани и да не станеме. Стани – Исус секогаш зборува- стани. Проблемот е што на „негативното сме господари“ затоа што во нас е раната на гревот, а „во позитивното сме просјаци“ и не сакаме да молиме за утеха.

Има случаи – рече папата Фрањо и продолжи да толкува – кога ни е помила лутината и кога во нас вријат чувствата, кога во срцето ја носиме горчината, кога нашето богатство е жалоста. Таков е случајот со фатениот од Силоам, 38 години поминува во својата жалост зборувајќи дека кога ќе се размати водата, никој не му помага. „Тие срца исполнети со горчина повеќе сакаат горчливо отколку слатко,“ а многумина тоа го сакаат – рече Папата и додаде – „горките корењеа“ нè потсетуваат на изворниот грев, а тоа е токму начинот на кој не дозволуваме да бидеме утешени.

Потоа имаме горчина која „секогаш нè води во оплакување“, тое се луѓе кои се жалат пред Бог наместо да го фалат; оптужби како музика која го придружува нивниот живот. Светиот Отец се присети на света Тереза која кажала: „Тешко на чесна сестра која вели: „Ми направија неправда, ми направија нешто неразумно.“ А на пророкот Јона би можеле да му дадеме „Нобелова награда за жалење“ – рече папата Фрањо и продолжи: Побегнал од Бог затоа што се жалел дека Бог нешто ќе му направи, потоа се удавил и го проголтала рибата и повотрно се вратил на своето послание. И во оплакувањето имаме работи кои меѓусебено се спротивни – рече Папата и раскажа како го запознал добриот свештеник кој се жалел на сè: „бил способен да најде влакно во јајцето.“

„Бил добар свештеник, се зборувало дека во исповедалницата бил многу милосрден – рече Светиот Отец и продолжи да проповеда: Бил веќе стар и неговите браќа свештеници разговарале како ќе биде тоа кога ќе умре, кога ќе замине и ќе отиде во небото? Првата работа – рекле – која ќе му ја каже на свети Петар, наместо да го поздрави, ќе биде „каде е пеколот“? Секогаш негативно… Свети Петар ќе му го покаже пеколот. Кога ќе го виде пеколот, ќе праша: колку се осудените, а Петар ќе му одговори: само еден, а тој ќе каже: какво е тоа откупување… Секогаш тоа се случува… Спротивно на горчините, оплакувањата и жалењата, Црквата денес вели: храбро, храбро!

Исаија нè повикува на храброст затоа што Бог „доаѓа да нè спаси“ – потсети Папата и продолжи да го толкува Евангелието – кога некои луѓе се качиле на кровот затоа што била голема гужва и кога го спуштиле фатениот пред Исус, не размислувале за книжниците и другите, сакале само човекот да оздрави.

Пораката од денешната литургија – заклучи Папата – е да дозволиме Господ да нè утеши. Тоа не е лесно затоа што за да бидеме утешени треба да се ослободиме од егоизмот, од оние работи кои ни претставуваат богатство, дали горчината, оплакувањето, многу други работи. Добро ќе биде денес секој од нас да направи испит на совеста, какво е моето срце? Имали во него горчина? Имали тага? Каков е мојот говор? Говор на пофалба на Бог и убавина или оплакување? Треба да бараме од Господ благодат за храброст, затоа што во храброста доаѓа да нè утеши и мораме да го молиме Господ да дојде да нè утеши , рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот