Папата го прими пејачот Боно Фокс

Папата го прими пејачот Боно Фокс

Папата Фрањо на 19 септември 2018 година во домот Света Марта во Ватикан го прими пејачот Боно Фокс, фронтмен на групат У2.

Пејачот Боно сакал да даде поддршка на Папската фондација Scholas Occurrentes, која делува на подрчјето на образование и да договри соработка со својата хуманитарна организација „One”, изјави Грег Бурке, директор на Канцеларијата за Печат при Светиот Престол.

Станало збор и за заштитата на животната средина, како и за школување на девојчиња, на кои во некои делови од Африка им е скратено правото на образование, изјави Боно на новинарите, после средбата, оценувајќи дека разговорите за соработката со Папската фондација биле многу успешени.

катпрес/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот