Папата го прими иранскиот министер за надворешни работи и разговараше со турскиот претседател Ердоган
Во понеделникот на 17 мај во Ватикан папата Фрањо го прими иранскиот министер за надворешни работи Јавад Зариф, а во утринските часови телефонски разговараше со турскиот претседател Таип Ердоган.
Во соопштението на од шефот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни не се наведени поединости од разговорите, а италјанските медиуми пишуваат дека централна тема бил распламтениот блискоисточен конфликт.
Папата Фрањо го посети Израел и Палестина во 2014 година и исто во Ватиканските градини заедно со претседателите на Израел и Палестина ја предводеше молитвата за мир во Светата земја. Светиот Отец во неделниот наговор на 16 мај упати апел за престанок на конфликтот на Блискиот исток.
Ватикан њуз/к.мк