Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Матео Бруни во понеделник 20 јули 2020 година објави дека папата Фрањо на тој ден, кратко после 9 часот го посети децата кои учествуваат на летниот камп „Estate ragazzi“ нво Ватикан.
Кога пристигна Папата децата беа на појадок во предворјето на салата „Павле Шести“. Ја посети секоја мас и простор за играње, разговарајќи со децата. Седејќи меѓу нив, ги поттикна да создаваат нови пријателства. Луѓето кои сами се забавуваат се себични. Треба да бидете заедно, со пријателите, за д си поминете убаво“ – им рече папата Фрањо. Пред да се врати во домот „Света марта“ се поздрави со водителите на кампот и им се заблагодари за она што го прават.
Летниот детски камп во Ватикан е отворен на почетокот од јули. Се одржува во Ватиканските градини, на хелиодромот и во салата „Павле Шести“. Стотина деца на вработените во Ватикан на возраст од 5 до 14 години учествуваат во активностите, како пливање, тенис, фудбал, кошарка и спуштање низ тобоган, почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот. Кампот се одржува по желба на папата Фрањо. Иницијативата ја координира капеланот на Ватиканската жандармерија о. Франко Фонтана, а во програмата учествуваат салезијанци и здружението „Tutti in una festa“.
Ватикан њуз/к.мк