На крајот од Генералната аудиенција Папата се молеше за жртвите од драматичниот напад во Северно Киву, кој минатите денови однесе животи на беспомошни луѓе, меѓу кои беше и чесна сестра која негувала болни. Освен тоа Папата повторно ја спомна Украина и упати молитва, Господ сите да нè поведе по патот на мирот.
На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо своите мисли и својот погледот ги сврте кон Демократска Република Конго, каде во напад извршен ноќта во средата загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои и една чесна сестра. Нападот е извршен во Северен Киву и насочен кон две здравствени установи, наводно, како што тврдат локални извори, го извршила група на Сојузничките демократски сили на територијата на Бени. Напаѓачите пристигнале околу полноќ – рече Норберт Мухиндо, болничар во клиниката Мабоја. Вооружените луѓе исто така кажале: Сакаме војна – додаде болничарот, а неговите зборови ги пренесе весникот „Avvenire“.
„Сведоци сме на ужасни настани кои продолжуваат да ја крвават Демократска Република Конго – рече папата Фрањо. Ја изразувам својата одлучна осуда на неприфатливиот напад кој минатите денови се случи во Мабоја, во покраината Северен Киву, каде се убиени беспомошни луѓе, меѓу кои една монахиња која била ангажирана во грижата за болните. Да се молиме за жртвите и нивните семејства – поттикна Светиот Отец, како и за христијанската заедница и жителите на тој крај кои премногу долго се исцрпувани од насилството.“
Потоа повторно повика да продолжи да се моли за измачената Украина. Нека Господ ги заштити тие луѓе и нека сите нас нè поведе по патот на трајниот мир – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк