За титуларна црква му е доделена црквата во која служеше сè до неговото именување за кардинал
Неодамна именуваниот кардинал Енрико Ферочи остана и понатаму „само“ парох и администратор на маријанското светилиште Света Марија на Божествена Љубов (Santa Maria del Divino amore) во Кастел ди Лева близу Рим.
За неговото именување за кардинал дознал во сакрастијата и побарал од папата Фрањо да остане само парох со цел да му служи на Божјиот народ, како што тоа го правел досега. Во интервју за La Croix, тој се потсети на моментот кога дознал дека папата Фрањо го вброил во Кардиналскиот колегиум.
Веста ја дознла една недела околу 12.30 часот во сакрастијата додека се подготвувал за света Литургија. Некој влегол во сакрастијата и му кажал: „Папата ве именува за кардинал“. Подоцна им изјави на новинарите: „Не ме ословувајте со „ваше еминенција“. Тоа звучи како да зборувате со некој друг“ – се пошегувал тогаш тој.
Отец Енрико Ферочи е именуван за кардинал во ноември минатата година и како титуларна црква му е доделена црквата во која служел, а кардинал Ферочи сега е „кардинал на неговата парохија“. Неговите парохијани можат да се пофалат дека за парох имаат кардинал.
Кардинал Енрико Ферочи е роден во 1940 година, за свештеник е ракоположен во 1965 година. Од 2019 година, тој е парох и администратор на светилиштето на Света Марија на Божествена Љубов. Бидејќи е именуван за кардинал, а беше само свештеник, тој прими хиротонија на 15 ноември 2020 година. Кардиналскиот шешир му е доделен на 4 јануари од Светиот Отец.
Битно нет/к.мк