Папата го именува архиепископот Васил за ординариј на Кошице

Папата го именува архиепископот Васил за ординариј на Кошице

Папата Фрањо го прифати повлекувањето од служба на владиката Милан Чаутур од Кошице, Словачка и го именува за ординариј архиепископот Кирил Васил, Д.И., апостолски администратор на таа епархија.

Архиепископот Кирил Васил е роден во Кошице, Словачка, на 10 април 1965 година. Од 1982 до 1987 година студирал на Богословскиот факултет Свети Кирил и Методиј во Братислава, а за свештеник е ракоположен во 1987 година. Во 1989 година на Папскиот источен институт магистрира по канонско право, а на 15 октомври 1990 година станува Исусовец. Во 1994 година докторира по источно канонско право на Папскиот источен институт, а во 2002 година е избран за декан и проректор на Факултетот за источно канонско право на тој институт, а во мај 2007 година е избран за ректор.

Тој беше советник во Конгрегацијата за Источни цркви, Конгрегацијата за наука на верата и Папскиот совет за пасторалната грижа за мигрантите и итенерантите. Во 2005 година е именуван за стручњак на Епископската синода за евхаристија. Бил професор на Папскиот универзитет Грегоријана, на Богословскиот факултет на Универзитетот во Братислава и Универзитетот во Трнава.

Во 2003 година е именуван за духовен директор на Меѓународната заедница на водачи на извидництеи во Европа. На 7 мај 2009 година папата Бенедикт XVI го именува за титуларен архиепископ на Птолемаида во Либија и секретар на Конгрегацијата за Источни цркви. Хиротонија прима на 14 јуни 2009 година во Рим од крижевскиот епископ Славомир Микловш.

На 21 јануари 2010 година е именуван за советник на Папскиот совет за промовирање на христијанското единство, а на 20 јануари 2020 година е именуван назначен за Апостолски администратор на „sede plena“ на Источно католичката епархија Кошице во Словачка.  На 27 јуни 2021 година е именуван за судија на Врховниот суд на Апостолската сигнатура. Автор е на бројни книги и статии.

Ика/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот