Папата ги прими членовите на Претседателството на БиХ

Папата ги прими членовите на Претседателството на БиХ

Во сабота 24 февруари 2018 година папата Фрањо во аудиенција во Апостолската палата во Ватикан го прими Претседателството на Босна и Херцеговина: хрватскиот член Драган Човиќ, кој ја извршува службата претседавач, српскиот член Младен Иваниќ и бошњачкиот член Бакир Изетбеговиќ, кои потоа се сретнаа и со кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар и надбискупот Паул Ричард Галагер, секретар за односи со државите.

За време на разговорот кој е одржан во пријатна атмосфера е изразено задоволство од добрите односи помеѓу Светиот Престол и Босна и Херцеговина и обновената определба да се продолжи по патот на конструктивна билатерална соработка и зајакнување на меѓурелигискиот дијалог и разбирање – јави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Освен тоа станало забор и за внатрешната ситуација во Босна и Херцеговина, која е одбележана со различни предизивици од економска и социјална природа, како и за итните потфати кои ќе обезбедат иднина на новите генерации. Исто така нагласена е потребата сложно да се продолжи по патот на реформите со перспектива земјата да се вклучи во Европската унија и да се обезбеди делотворна еднаквост на конститутивните народи, промовирајќи мирен соживот и амосфера на помирување меѓу членовите на општеството. На крајот разговараа за некои политички прашања, меѓу кои и за важноста за соработка меѓу државите – стои во соопштенито од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот