Излезете и одете кон ранетото и отфрлено човештво – ги поттикна папата Фрањо членовите на редот регуларни клерици сомасканци, кои на 30 март 2017 година ги прими во аудиенција по повод Генералниот капитул на нивната конгрегација.
Излезете и одете кон ранетото и отфрлено човештво – ги поттикна папата Фрањо членовите на редот регуларни клерици сомасканци, кои на 30 март 2017 година ги прими во аудиенција по повод Генералниот капитул на нивната конгрегација, која ја основа свети Ероним Емилијани, голем заштитник на сираците и напуштените млади. Бил лаик од благородничко венецијанско семејство, а живеел на преминот од XV во XVI век.
Свети Ероним Емилијани знаел да се откаже од богатството и се заземал да им биде семејство на сираците. Затоа ја основа Дружбата слуги на сиромашните, чии членови во народот се познати под името „сомаски,“ според местото Сомаска, недалеку од Бергамо, каде што настанала таа монашка заедница. Оците сомаски денес се присутни во целиот свет, и тоа со стотици пасторални, каритативни и образовни центри на пет континенти. Последните се основани после цунамито во Индија и Шри Ланка и во Доминиканската Република после земјотресот на Хаити.
Планот на вашиот основач бил – потсети Папата – најпрво да се обнови себе во верноста на Евангелието, а потоа христијанската заедница и граѓанското општество. Останете верни на првичното вдахновение и излезете за да одете кон ранетото и отфрлено човештво – ги охрабри папата Фрањо. Посебно ги поттикна оние последните да ги гледаат со Христовите очи, и тоа најмногу напуштените млади, сираците и – како што ги нарече Светиот Отец – новите сираци. Младите доселеници, децата, кои доаѓаат сами во нашите земји, потребно им е татковство и мајчинство – рече и додаде – Тоа меѓуостанатото е ваша задача.
Со монасите, свештениците и браќата овде е и сомаскиот лаикат. Имате можност да го вклучите во упорното заземање на општественото поле на вашата харизма – истакна папата Фрањо и ги спомна човековите права, заштитата на малолетниците при работа и превенција од искористување и трговија. Тие се проблеми со кои треба да се соочувате со ослободувачката сила на Евангелието, но истовремено и со соодветни делотворни средства и професионална меродавност – рече Папата, а потоа ги поттикна монасите да бидат внимателни на различните облици на маргиналност на географските и животните периферии, и да ги преструктуираат структурите таму каде тоа е корисно.
Структурите во некои случаи пружат лажна заштита и ја кочат живоста на милосрдието и служењето на Царството Божјо – објасни Папата и додаде уште две упатства: да продолжат со инкултурацијата која е неопходен услов за Црквата да се вкорени во светот, како и со работата за формација на катехистите, лаиците аниматори и клерот. Една од најголемите опасности, најсилна во денешната Црква е клерикализмот – истакна Свтиот Отец – Работете со лаиците, нека тие водат напред, нека имаат храброст да одат напред, а вие поддржувајте ги и помагајте им како свештеници, како монаси. На крајот папата Фрањо посака да не го занемарат екуменскиот дијалог посебно во Африка и Азија.
РВ/к.мк