На 11 јануари оваа година. Папата Фрањо, со помош на Апостолската Покорничара (ватиканската служба за милостина), ги поканува на циркуска претстава сиромашните, бездомниците, бегалците, група затвореници, луѓето кои се во најголема потреба и семејства. Тие ќе бидат придружувани од волонтери и ѓакони и ќе бидат транспортирани со автомобили. Предвидена е и мобилна амбуланта за здравствена заштита.
Во соопштението на раководителот на службата за милостина, епископот Краевски, се наведува дека „Циркусот Медрано“ во Рим обезбеди 2.100 места за оваа манифестација на солидарност наречена „Циркус на солидарноста за сиромашните на Светиот Отец”.
За време на една од своите Генерални аудиенции папата Фрањо се обрати до циркуските работници со зборовите: „луѓето од циркус создаваат убавина, тие се креатори на убавина. И тоа е добро за душата”. И овој дар на циркузантите, според зборовите на Краевски, „може да биде и за нашите најсиромашни браќа едно охрабрување тие да ги надминат тешкотиите во животот, кои во повеќето случаи изгледаат несовладливи”.
Државата Град Ватикан ќе обезбеди и здравствени услуги, со лекари и медицински персонал, доброволци, со подвижна амбуланта и амбулантни возила, на располагање за оние кои имаат потреба од преглед или од лекови.
По завршување на циркуската претстава сиромашните луѓе ќе добијат и пакет со храна за вечера.
РВ/к.мк