Папата Фрањо испрати видео порака до Фрањевското мисионерско движење (Movimiento Misioneros de Francisco) по повод нивниот историски и културен од „Негро Мануел“ во чест на Богородица од Лухан.
На 20 јуни 2022 година Светиот Отец испрати видео порака до Фрањевското мисионерско движење на шпански јзаик, во која ја изразува својата блискост додека мисионерите се отвораат и започнуваат со Историскиот од.
Тој потсети дека „нашиот копнеж е да го следиме споменот и посветеноста на Богородица од Лухан на тоа место, да го следиме трпението на „ Негро Мануел“. Тој од, продолжи тој, ја следи историјата и животот на „ Негро Мануел“. Инаку, „Негро Мануел“ е име на роб кој бил сведок на чудото на Богородица од Лухан во Аргентина.
На мисионерите Папата Фрањо им ја вети неговата близина и благослов.
Нека Богородица од Лухан ги заштити и нека ги застапува „Негро Мануел“, рече Папата. „Да одиме напред“, поттикна тој, „со таа едноставна вера, со верата што ја добивме од нашите родители; тоа е верата на нашиот народ. Тоа е вера која ја менува историјата“. На крајот, Папата моли Богородица од Лухан да ги чува, а „Негро Мануел“ да им го покаже патот.
Ватикан њуз/к.мк