Папата ги објави имињата на новите кардинали: Лицето на „универзалната Црква“

Папата ги објави имињата на новите кардинали: Лицето на „универзалната Црква“

Папата Фрањо во своето пладневно обраќање во недела, 6 октомври 2024 година, по молитвата Ангел Господов, го прочита списокот на кардинали кои ќе бидат поставени на конзисториумот на 8 декември 2024 година. Новите кардинали доаѓаат од целиот свет, вклучувајќи ги Иран и Индонезија. Меѓу новите кардинали е и белградскиот надбискуп Ладислав Немет. На тој конзисториум ќе биде поставен и најстариот член на Кардиналскиот колегиум, нунцијот Ачерби на 99-годишна возраст и најмладиот, 44-годишниот Микола Бичок.

Како што речиси стана вообичаено во приближно дванаесетте години од неговиот понтификат, денес, 6 октомври, по молитвата на Ангел Господов, папата Фрањо, ненајавено, од прозорецот на Апостолската палата, го прочита списокот на новите кардинали, кои ќе бидат поставени на конзисториумот на 8 декември.

Објавата на Папата

Периферите на светот со големи надбискупии или членови на Римската Курија се испреплетени во имињата што ги прочита Светиот Отец, кој со својот десетти конзисториум сака да го врати лицето на универзалната Црква која го опфаќа целиот свет. Последниот конзосториум се одржа на 30 септември 2023 година. На претходните конзисториуми, папата Фрањо постави вкупно 142 кардинали, од кои 113 имаат право на избор.

Нивното потекло ја изразува универзалноста на Црквата, која продолжува да ја навестува Божјата милосрдна љубов на сите луѓе на земјата. Вклучувањето во Римската бискупија покажува нераскинлива врска помеѓу Петровиот Престол и партикуларните Цркви распространети низ целиот свет.

Идните кардинали

На списокот на нови кардинали е и името на монсињор Балдасар Реина, кој, како што рече Папата, ќе биде новиот генерален викар на Римската бискупија. Ќе го наследи кардиналот Анџело Де Донатис, кој во април е именуван за голем покорничар. Меѓу идните кардинали е и белградскиот надбискуп митрополит Ладислав Немет, кој со тоа станува првиот кардинал во историјата на Католичката црква во Србија. Интересно е што на конзисториумот на 8 декември најстариот член е нунцијот Анџело Ачерби со 99 години, кој нема да гласа на идната конклава поради возраста, а најмладиот е 44-годишниот Микола Бичок, епископ на епархијата Свети Петар и Павле за украинските верници во Мелбурн.

Меѓу новоименуваните кардинали, само еден нема право на избор; 10 се Европејци, од кои 4 Италијанци; Од американскиот континент се 6, од кои 5 од Јужна Америка, 4 од Азија и еден од Африка. Од 8 декември годинава, Кардиналскиот колегиум ќе се состои од 256 членови, од кои 141 се електори, а 115 без право на глас на конклавата.

Тројца нови кардинали доаѓаат од римската курија. Тука е отец Фабио Баџо од Скалабрин, секретар на Дикастеријата за промовирање на целосен човеков развој. Потоа 51-годишниот надбискуп Роландас Макрикас, Литванец, кој беше именуван за вонреден комесар за Папската базилика Света Марија Велика во 2021 година и индискиот монсињор Џорџ Коовакад, организаторот на папските патувања.

Значајно е и назначувањето на отец Тимоти Редклиф, доминикански теолог (кој ќе наполни 80 години во август 2025 година), кого папата Фрањо го посакуваше две последователни години како проповедник за време на духовната обнова на Синодата за Синодалност.

Список со имињата новите кардинали

Ова се имињата на новите кардинали.

Монсињор Анџело Ачерби, апостолски нунциј;

Монсињор Карлос Густаво Кастиљо Матасољо, митрополит надбискуп од Лима (Перу);

Монсињор Висенте Бокалиќ Иглиќ, надбискуп на Сантијаго дел Естера, аргентински примат;

Монсињор Луис Херардо Кабрера Херера, надбискуп од Гвајакила (Еквадор);

Монсињор Фернандо Наталио Чомали Гариб, надбискуп од Сантијаго (Чиле);

Монсињор Тарцисио Исао Кикучи, надбискуп од Токио (Јапонија);

Монсињор Пабло Вирџилио Сионгко Давид, бискуп од Калокан (Филипини);

Монсињор Ласло Немет, надбискуп од Белград (Србија);

Монсињор Џајме Спленгер, надбискуп од Порто Алегре (Бразил)

Монсињор Игнацие Беси Догбо, надбискуп од Абиџана (Брегот на Слонова Коска);

Монсињор Жан Пол Веско, надбискуп од Алжир (Алжир);

Монсињор Паскалис Бруно Сјукур, бискуп Богогор (Индонезија);

Монсињор Џозеф Матје, архиепископ на архиепископијата во Техеран Испахан (Иран);

Монсињор Роберто Реполе, надбискуп од Торино;

Монсињор Балдасаре Реина, од денес генерален викар на Римската бискупија;

Монсињор Френсис Лео, надбискуп од Торонто (Канада);

Монсињор Роландас Макрикас, протопрезвитер соработник на базиликата Света Марија Велика

Монсињор Микола Бичок, епарх на епархијата Свети Петар и Павле за украинските верници во Мелбурн;

Патер Тимотеј Питер Џозеф Редклиф, теолог;

Отец Фабио Баџо, Ц.С., потсекретар на Одделот за мигранти и бегалци во Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој.

Монсињор Џорџ Џејкоб Коовакад, службеник во Државниот секретаријат и одговорен за патувањата на Папата.

Да молиме за новите кардинали, да ја потврдат нивната приврзаност кон Христа, милостивиот и верен Првосвештеник, да му помогнат во служењето на Римскиот епископ за доброто на целиот свет Божји народ.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот