На третата недела од Адвент, 13 декември 2020 година, папата Фрањо традиционално ги благослови статуите на Малиот Исус донесени за благослов од претставници на децата и семејствата од римските парохии.
Посебно ја поздравувам групата претставници на семејства и деца од Рим кои се собраа по повод благословот на статуите на Малиот Исус, што е во организација на центарот на римските ораториуми. Оваа година има помалку од вообичаено заради пандемијата, но знам дека многу деца и млади луѓе се собраа во ораториумите и нивните домови и нè следат преку средствата за комуникација. Го поздравувам секој поединечно и ги благословувам статутие на Исус кои ќе бидат поставени во јаслите, во знак на надеж и радост.
Да ги благословиме статуите во тишина: Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Кога се молите дома, пред јаслите со членовите на вашето семејство, дозволете да ве привлече нежноста на Детето Исус, родено меѓу нас, сиромашно и слабо меѓу и да ви ја даде својата љубов – рече Папата во обраќањето до верниците по молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар. во Ватикан.
Ватикан њуз/к.мк