Папата: Водата како основно добро да не се расипува, да не се злоупотребува и да не биде причина за војна
Папата на крајот од Генералната аудиенција, на Светскиот ден на водата, се молеше за успешен исход на работата на Конференцијата на Обединетите нации во Њујорк, посакувајќи да се забрзаат иницијативите во корист на оние кои страдаат од недостаток на ова добро. Исто така упати апел да го чуваме за наша корист, како и за идните генерации.
„Фален биди, мој Господи, за сестрата Вода, која е многу корисна и понизна и скапоцена и чиста.“
Папата Фрањо го цитираше свети Фрањо, светецот од Асизи, и неговата Песна за созданијата, со цел уште еднаш да ја нагласи важноста на водата, тоа „примарно добро“ кое се повеќе е загрозено и предмет на спорови, а чиј светски ден се слави токму денес.
Конференција во Њујорк
Во едноставните зборови на сиромавиот од Асизи, ја чувствуваме убавината на создадениот свет и свесноста за предизвиците кои ги носи грижата за него – рече Папата. Потоа се осврна на II. Конференцијата на Обединетите нации за вода, која се одржува во Њујорк до 24 март.
Се молам за успех на работите и се надевам дека овој важен настан ќе ги забрза иницијативите во корист на оние кои страдаат од недостатокот на вода, тоа примарно добро.
Општ апел
Папата Фрањо затоа упати апел, упатен до сите: до оние кои имаат одговорни улоги во светот, како и до едноставните граѓани:
„Водата не треба да се расипува, злоупотребува и не треба да биде причина за војна, туку треба да се чува за наша корист и за благосостојба на идните генерации.“
Предупредување од Обединетите нации
Организацијата на обединетите нации денеска упатија алармантен апел, во извештајот објавен по повод конференцијата во Њујорк, за опасноста од криза со вода во светот. Недостатокот на ова добро што му е потребно на човештвото за живот станува се поголем поради прекумерниот развој и потрошувачка – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Постои непосредна опасност од општа криза – посочи тој – светот слепо чекори по опасна патека со неодржливото користење на водата, загадувањето и затоплувањето на климата кои ја исцрпуваат виталната лимфа на човештвото.
Според податоците од извештајот на Обединетите нации, околу две милијарди луѓе немаат пристап до безбедна вода за пиење, додека 3,6 милијарди немаат пристап до сигурни санитарни услуги. Недостигот на вода станува се пораширен – во документот се наведува дека глобалната потрошувачка на вода се зголемува за околу 1% секоја година во последните 40 години и се очекува да одржи слична стапка на пораст до 2050 година.
Ватикан њуз/к.мк