Папата Фрањо на 29 октомври го прими во аудиенција јужнокорејскиот претседател во Рим по повод самитот на Г20. Во центар на разговорот кој траеше околу 25 минути беше промовирањето на дијалогот и мирот.
За време на срдечниот разговор – како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – беше изразено задоволство од добрите билатерални односи и позитивниот придонес што Католичката црква го дава во општеството, а беше истакната и посебната посветеност во промовирањето на дијалогот и помирувањето меѓу Корејците. Во таа насока, беше изразена взаемна надеж дека заедничката посветеност и добра волја ќе го промовираат мирот и развојот на Корејскиот полуостров, со поддршка на солидарноста и братството. Притоа, беа разменети мислења и за теми поврзани со состојбите во регионот и хуманитарните кризи – се наведува на крајот од соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк