Папата: Важно е да се обезбеди постоењето на католичкиот печат

Папата: Важно е да се обезбеди постоењето на католичкиот печат

Членови на различни публикации и католички неделници беа на аудиенција кај Папата, на 16 декември 2017 година. Вие ја имате една од најважните задачи или подобро, послание во денешниот свет – рече Папата – а таа е на сите да им го пренесете фактот и колку што е можно повеќе да одговара на реалноста.

Вие ја имате една од најважните задачи или подобро, послание во денешниот свет, а тоа е исправно да информирате, на сите да им го пренесете фактот кој колку што е можно повеќе да одговра на реалноста – рече папата Фрањо на членовите на Сојузот на издавачи на периодични публикации (USPI) и Италијанскиот сојуз на католички неделници (FISC), кои ја слават својата 50 годишнина, кои по повод таа прилика, на 16 декември 2017 година ги прими во аудиенција, во Ватикан. Тие претставуваат околу 3000 информативни изданија, од средни и мали издавачки куќи, непрофитни институции и здруженија.

Вашиот глас е важен за развојот на секое општество кое сака да се смета за демократско – истакна Папата. Во нашето време, во кое што живееме често преовладува немирот заради брзината; заради поттикнувањата на сензационализам, а на штетата на точноста и потполноста; заради силната емотивност наместо разбирливо размислување, силно се чувствува потребата за информација од доверба, со проверени податоци и вести, кои не се стремат кон тоа да зачудува или да предизвикува емоции, туку чија цел е да поттикне кај читателот развој на здраво критичко чувство кое ќе му помогне да си постави соодветни прашања и да донесе мотивирани заклучоци – рече Светиот Отец.

На тој начин – според зборовите на Папата – се избегнува опасноста да бидеме постојано препуштени на лесните слогани насочени кон манипулирање со реалноста, мислењата, а и со самите луѓе. На таа задача за давање на информации кои не се толку обработени и подложени на моди лесно можат да одговори средното и малото издаваштво, затоа што е поврзано со територијата и со секојдневниот живот на заедницата; повеќе е вкоренето во конкретниот факт – рече Папата.

Така е и со епископските неделници зачленети во Италијанскиот сојуз на католички неделници. Тие можат да бидат корисни средства за евангелизација – истакна папата Фрањо. Да работиш за епископски неделник значи да ја „чувствуваш“ на посебен начин локалната Црква, да живееш во близина на луѓето во градовите и селата, и најмногу, да ги толкуваш настаните во светлината на Евангелието и црковната наука. Тие фактори се „компасот“ за вршењето на религиозното новинарството, пренесувањето на новостите и изнесувањето на мислењата – истакна Папата.

Епископските неделници, па и во печатен и во дигитален облик се скапоцени и делотворни средства. И тоа – истакна папата Фрањо – со своите специфични карактеристики како што се јасноста, точноста и комплетноста на информацијата и мирното и јасно изразување, така што јавноста е во состојба да сфати и да ја разбере реалноста, а не да се чувствува збунета и загубена.

Светиот Отец освен тоа ги истакна гревовите на комуникацијата кои треба да се избегнуваат, а тоа се дезинформација, пристрасност, клевета, озборување; сите тие се многу тешки гревови кои на луѓето им нанесуваат штета. Заради сето тоа посака ангажирање на сите – вели Папата – за да се загарантира почитувањето и виталноста на тие списанија, и за да се заштити работата и достојниот надомест за сите кои работат. (…) Го повикувам граѓанското општество и неговите институции да направат сè што е можно за средното и малото издаваштво да може да ја извршува својата незаменлива задача, во заштитата на вистинскиот плурализам и давајќи глас на богатството на различните локални заедници и нивните територии – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот