Примајќи ги во аудиенција членовите на Фондацијата „Campus Bio-Medico“, папата Фрањо ги охрабри во нивната работа и служба поттикнувајќи ги во центарот да ја стават грижата за личноста, не заборавајќи ја важноста на науката. Грижата без науката е залудна, науката без грижата е бесплодна – напомена Папата и поттикна католичкото здравство секогаш со дела да сведочи дека нема недостојни животи.
Грижата за личноста секогаш треба да биде во центарот за да сведочите дека ниту еден живот не е недостоен за живеење, не заборавајќи на важноста на науката и истражувањето; освен тоа пред заработката доаѓаат потребите на болниот – се главните мисли на папата Фрањо кои ги упати примајќи ги во аудиенција претставниците на фондацијата „Campus Bio-Medico“ од Рим, непрофитна институција основана во 2015 година, која ја подржува Опус Деи со цел подршка на научното истражување и активностите за истоимениот универзитет и поликлиниката.
Љубовта е најважниот критериум кој Папата го бара од секого кој работи на подрачјето на здравството. Љубовта која се развива и остварува само работејќи „заедно“ – рече и се задржа токму на зборот „заедно“ кој – како што рече, толку е едноставен колку што е тешко да се живее посебно во ова време на пандемија. Меѓутоа токму пандемијата ја покажа важноста на поврзувањето, соработката, заедничкото соочување со група проблеми. Здравството, посебно католичкото треба се повеќе да биде во мрежа.
Не е повеќе време за изолирано наследување на сопствената харизма. Љубовта бара дар; знаење, компетенција и науката треба да се споделува – истакна Папата и додаде дека тоа важи на пример за вакцината. Итно е потребно да се помогне на земјите кои ја имаат помалку, но тоа треба да се направи во рамките на долгорочни планови, кои не се мотивирани само од брзањето на богатите земји тие самите да бидат сигурни. Лековите треба да се дистрибуираат достоинствено, а не како милостина.
Секогаш треба да важи логиката болниот да се стави пред болеста; таа е премногу потребна на секое подрачје на медицината, и важна за грижата која е навистина таква, навистина целосна, навистина човечка. Тоа централно место на личноста во основа е ангажирање за помош, но и за проучување и истражување затоа што помагаат да се зајакне единството, заедничкото гледање кое – напомена Папата – не ги става на прво место идеите, техниките и проектите, туку конкретниот човек, пациентот кој треба да се лекува со познавање на неговиот живот, со познавање на неговите искуства и воспоставување на пријателски односи кои го лекуваат срцето.
Важно е да се стави во центарот грижата за личноста, но не треба да се заборави важноста на науката и истражувањето. Лекувањето без науката е залудно, како што науката без лекувањето е стерилна. Тие две работи одат заедно и единствено заедно од медицината можат да направат уметност – истакна Папата.
Фондацијата „Campus Bio-Medico“ и воопшто католичкото здравство – според зборовите на Папата, со дела треба да сведочи дека не постои недостоен живот или оние кои треба да се отфрлат затоа што не ги задоволуваат критериумите за заработка или потребите на профитот. Живееме во вистинска култура на отфрлање и тоа помалку е воздухот кој го дишеме, но мора да реагираме на таа култура на отфрлање – додаде и истакна, секоја здравствена институција посебно тие вдахнати од христијанството треба да бидат место каде се остварува грижата за личноста и за која може да се каже: овде не се гледаат само лекари и болни, туку луѓе кои се прифаќаат и си помагаат; овде со рака се допира „терапијата на човечкото достоинство“, а за него никогаш не смее да се преговара, туку секогаш треба да се штити. (…)
Папата го пофали ангажирањето на „Campus Bio-Medico“ кој освен што промовира истражување помага на оние кои немаат економски средства за универзитетските трошоци. Сето тоа е добро; убаво е да се соочуваш со поголемите потреби со се поголемо отворање. Разбирање на приликите, утврдување на терапиите, зајакнување на здравствената култура – е задача која папата Фрањо им ја довери на присутните, истакнувајќи дека не е лесно, но тоа е вистинско послание кое припаѓа на католичкото здравство, повикано да биде уште поактивно, како израз на екстровертната Црква што излегува.
Ватикан њуз/к.мк