Папата: Бог секогаш бара начин како да дојде до нашето срце

Папата: Бог секогаш бара начин како да дојде до нашето срце

Великиот пост е време кое помага за преобраќање, приближување до Бог, за промена на нашиот живот и тоа е милост која треба да се бара од Господ – рече папата Фрањо на светата Литургија, на 27 февруари 2018 година, која ја служеше во домот Света Марта.

Размислувајќи за првото читање од Книгата на пророкот Исаија, го воочуваме вистинскиот повик на преобраќање и Исусовото посебно однесување во однос на нашите гревови. Не заплашува, туку нежно повикува, давајќи доверба. „Тогаш дојдете и ќе се пресуди,“ зборува Господ на народот на Содом и Гомор, на кој веќе му укажал на злото кое треба да го избегнува и доброто кое треба да го следи. А така Господ постапува и со нас – рече Папата.

Господ зборува: „Дојдете и ќе се пресуди, да разговараме.“ Не сака да нè плаши – рече Светиот Отец и додаде: Се однесува како татко кон синот адолесцент кој направил зло и мора да го прекори. Знае дека ако настапи со стап, дека тоа нема да биде во ред, мора да му пристапи со доверба. Господ во тој дел нè повикува токму така: Дојдете, да се напиеме кафе заедно, да разговараме, да расправаме. Не плашете се, не сакам со вас да постапувам лошо. И бидејќи знае дека синот си мисли: „но направив лоши работи,“ веднаш му вели: „Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, – како волна ќе станат бели.“

Како таткото кон синот адолесцент, Исус со гест на доверба ни го приближува простувањето и го менува нашето срце – истакна папата Фрањо и потврди: Така направил повикувајќи го Захеј и Матеј, така прави и во нашиот живот, ни покажува како да направиме чекор напред на патот на преобраќањето.

Да Му се заблагодариме на Господ за неговата добрина – рече Папата и нагласи: Тој не сака да нè казнува и осудува. Го даде својот живот за нас, тоа е неговата добрина. Секогаш бара начин како да дојде до нашето срце. А кога ние свештениците, на местото Господ мораме да ги слушаме исповедите, и ние мораме благонаклонето да се однесуваме, како што Господ вели: дојдете да разговараме, нема проблем, пред сè простување, а не заплашување.

Во таа смисла може да биде корисно искуството на еден кардинал исповедник кој непосредно пред гревот на другиот насетувал дека се работи за нешто големо, но не се задржувал премногу, туку продолжувал со дијалогот; таквото однесување го отвора срцето и другиот човек чувствува мир – рече Светиот Отец и истакна: Така Господ прави со нас и вели: дојдете, да разговараме, да дискутураме, примете ја потврдата на простувањето, простувањето постои.

Ми помага да го гледам тој став Господов: таткото со синот кој мисли дека е голем и дека доволно пораснал, а само е на половина пат. Господ знае дека сите ние сме на половина пат и дека често треба да ги слушаме ти зборови: дојдете, не плашете се, дојдете. Постои простувањето. Тоа нè охрабрува да одиме кај Господ до отворено срце, затоа што Он е таткото кој нè чека – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот