Во проповедта на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, во Ватикан, Папата размислуваше за таинството на Благовештението, моментот кој целосно ја менува човечката историја.
Делот од Евангелието според Лука (1,26-38) од денешната Литургија е тежок за проповедување; во него „Бог на изненадувањата“ ја менува човечката историја – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 20 декември 2018 година.
Делот од Евангелието според Лука кој го слушнавме зборува за пресуден, револуционерен момент, за возбудлива ситуација, сè се менува, историјата се превртува. Тешко е да се проповеда за тој дел. А кога на Божиќ или на празникот Благовештение ја исповедуваме верата, клекнуваме додека го кажуваме тоа таинство. Станува збор за моментот кој сè менува, сè и тоа од корен – истакна Папата.
Размислувајќи литургиски денес е денот на коренот. Денешниот антифон зборува за смислата на фиданката на Јесеј кој „ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка“ (Исаија 11, 1). Бог се спушта, влегува во историјата, и тоа го прави во свој оригинален стил, со изненадување. Бог на изненадувањата повторно нè изненадува – рече Светиот Отец.
Во текот на проповедта Светиот Отец повторно го прочита Евангелието за денешната Литургија за верниците да можат да размислуваат за значењето на Благовештението.
„Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.“ Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа.“
Ватикан њуз/к.мк