Во долгиот говор на шпански јазик Папата го поттикна Секретаријатот за општествена праведност и екологија на Дружбата Исусова да продолжи да им служи на „распнатите во нашето време“. Според неговите зборови потребна е културна револуција.Служењето на сиромашните, воспитувањето, вниманието кон бегалците, заштита на човековите права.
Во говорот кој го одржа пред повеќе од 200 учесници на средбата на Секретаријатот за општествена праведност и екологија на Дружбата Исусова, папата Фрањо ги поттикна да продолжат да одат по патот и – како што рече, кој е карактеристичен на нивното послание за служење на последните. Секретаријатот е основан во 1969 година по желба на патер Педро Арупе, кој бил врховен поглавар на Дружбата Исусоваод 1965 до 1983 година, а неговите членови се собраа оваа недела во Рим по повод 50 годишнината од делувањето и за да ја обноват токму таа општествена обврска.
Сржта на охрабрувањето на Папата е наследувањето на Христос во служењето – како што рече, на „распнатите на нашето време“. Притоа ги истакна големиот број ситуации на неправда во она што повеќе пати го нарече „Светска војна во делови“. Станува збор за трговијата со луѓе и изрази на ксенофобија, за егоистично барање на национални интереси до нееднаквост меѓу земјите и внатре во нив во кои – според зборовите на Папата, се зголемува геометрискиот прогрес, сѐ до лошо постапување со нашиот заеднички дом, кои на крајот ги погодува најмногу сиромашните.
За конкретно да го наследуваме Исус во таквите прилики, Папата потсети дека треба пред сѐ придружува со жртва, но и да се разоткрива злото во светот и да се воспостави апостолска креативност и длабочината, која патер Адолфо Николас, кој исто така бил генерал на Дружбата Исусова, толку ја сакаше за дружбата. Имено, Папата бара вистинска „културна револуција“, промена на погледите и однесувањето. Потребна е бавна работа за преобразување во структурите, преку учество во јавниот дијалог, таму каде се донесуваат одлуки кои имаат влијание на животот на последните.
Папата Фрањо исто така бара таа промена да започне од самите сиромашни и спомнувајќи ја средбата со народните движења во Боливија во 2015 година, потсети дека кога најпонизните се организираат стануваат вистински „општествени поети“, творци на работата, градители на куќи, произведувачи на храна, посебно за оние кои се отфрлаат на светскиот пазар.
Дали социјалниот апостолат служи за решавање на проблемите? – праша и потоа истакна: Да, но најмногу со цел промовирање на процесот и поттикнување на надежта. Станува збор за процеси кои им помагаат на поединци и заедници да растат, кои им даваат да бидат свесни на своите права, да ги развиват своите способности и да ја креираат сопствената иднина. Исправен е оној пат на кој се сее надеж за да се отвори иднината создавајќи притоа алтернативи.
Папата во говорот потсети исто така дека Дружбата Исусова од самиот почеток е повикана да им служи на сиромашните и тоа со повикот кој свети Игнациј го вброи во Формулата од 1550 година. Преку неа Исусовците би требало да се посветат на заштитата и промовирањето на верата и на напредувањето на душата во христијанскиот живот и наука, како и во помирувањето на очајните, да се помогне на оние кои се во затвор или во болница и посветување на другите на каритативни дела. Таа традиција – според зборовите на Папата, дојде и до нашите денови.
Во сиромашните го пронајдовте привилегираното место за средба со Христос и тоа е скапоцен дар во животот на верникот – рече Папата и истакна: Средбата со Христос меѓу неговите миленици е израз на нашата вера. (…)
Папата меѓу останатото ги поттикна присутните да не престанат да ја нудат таа близина на најранливите. Нашиот раскршен и поделен свет треба да гради мостови за секој од нас во последните да го открие убавото лице на братот чие присуство ја повикува нашата солидарност. Во болката на браќата и заедничкиот дом потребно е да се контемплира таинството на крстот, за да бидеме способни да го дадеме животот сѐ до крај – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк