Продолжете да придонесувате за заживување на верата и љубовта кон Светата Евхаристија. Ова беше апелот на папата Фрањо до американските членови на одборот за подготовка на претстојниот Национален евхаристиски конгрес во САД, кој го прими на аудиенција во Ватикан во понеделник 19 јуни 2023 година.
„Ве охрабрувам да продолжите со вашите напори да придонесете за заживување на верата и љубовта кон Светата Евхаристија, „изворот и врвот на христијанскиот живот“.
Со овие зборови папата Фрањо им изрази благодарност на членовите на комисијата што го подготвуваат претстојниот Национален евхаристиски конгрес во Соединетите Американски Држави за нивните напори да ја промовираат љубовта кон Евхаристијата.
Во својот говор, папата Фрањо сакаше веднаш да го истакне ризикот што сè уште постои кај христијаните, и покрај две илјади години црковен живот, имено, оној да се меша вистинското присуство со „симбол“, реалноста на љубовта со повеќе или помалку нејасен знак. Затоа е неопходно „со уште поголема ревност да се посветиме на тоа да бидеме мисионери ученици“ на Исус во светот, сведоци кои помагаат да се врати „чувството на восхит“ за големиот дар што Христос го прави од Себе секој ден на Литургијата. Папата – кој денеска го продолжи нормалниот ритам со аудиенциите по завршувањето на неговата хоспитализација во „Гемели“ – се осврна на значењето на Евхаристијата, земајќи пример од евангелскиот настан за умножување на лебовите.
Обожување во тишина
Со тоа чудо, забележа папата Фрањо, Исус сака да ја преобрази „материјалната глад“ на своите ученици „во поинаква глад“ за вечноста, а со Евхаристијата дава одговор „на најдлабоката глад на човечкото срце“. Поради оваа причина, Евхаристискиот конгрес во САД има задача да ги вдахнови католиците да ја разберат и одново да ја осознаат таа реалност на Светата Тајна, со која праксата на обожавање е тесно поврзана.
Верувам дека во ова модерно време го изгубивме чувството за обожавање, треба да го вратиме чувството на обожавање во тишина. Тоа е молитва што ја изгубивме, малкумина знаат што е тоа, а вие, епископите, мора да ги катехизирате верниците да се молат, поклонувајќи се на Евхаристијата.
Постари и болни
Цитирајќи го Иван Павле II, кој рече дека „нема Евхаристија без свештенството“, Папата го префрли фокусот од обожување на дело, бидејќи, рече дека не постои Евхаристија што не поттикнува на „силно посветена љубов кон ближниот“ и додаде дека, „не можеме вистински да го разбереме и доживееме нејзиното значење ако ги држиме нашите срца затворени за нашите браќа и сестри, посебно за оние кои се сиромашни, страдаат, исцрпени или се изгубени во животот“. А меѓу нив, папата Фрањо посебно истакна две групи луѓе кои, како што рече, „секогаш мораме да ги посетуваме: постарите, кои се мудрост на еден народ, и болните, кои се ликот на страдалниот Исус“.
Стануваме автентични сведоци на радоста и преобразувачката убавина на Евангелието само кога ќе сфатиме дека љубовта прославена во Светата Тајна не може да биде само за резервирана за нас, туку бара да се сподели со сите.
Ватикан њуз/к.мк