Примајќи ги на аудиенција затворските капелани, доброволци во затворите и крим полицијата, Папата ги охрабри да бидат идни градители и мостови меѓу казнено-поправниот дом и граѓанското општество.
Направете ги затворите места на поправање, а не лутина – рече папата Фрањо денес на плоштадот Свети Петар, на средбата со припадниците на криминалната полиција, капеланите и волонтерите кои работат во затворите. Охрабрувајќи ги никогаш да не го гаснат пламенот на надежта, туку да се залагаат за помирување и реинтеграција, Папата им се заблагодари на криминалната полиција за напорната работа, честопати тешка и малку платена, но суштинска, која бара од нив да внимаваат и да чуваат луѓе, да бидат мостови меѓу затворот и општеството, способни за соодветно сочувство за да се спротивстават на стравот и рамнодушноста.
Знам дека не е лесно, но кога сте блиску до оние кои паднале во мрежата на злото, вие станувате градители на иднината; вие ги поставувате темелите за попочитуван живот и за посигурно општество – рече Светиот Отец и истакна: Од ден на ден станувате градители на правда и надеж. Не заборавајте го доброто што можете да го направите секој ден. Вашето однесување и вашите ставови се скапоцени. Вие сте поставени пред ранетата и уништена хуманост чие достоинство треба да го признаат државата и општеството.
Особено мислам на проблемот со пренатрупаност во затворите, со што се зголемува во секого чувство на слабост, ако не и исцрпеност – рече папата Фрањо, посочувајќи – дека кога силите ќе попуштат, ќе се зголеми недовербата. Важно е да се гарантираат пристојни услови за живеење, во спротивно затворите стануваат места на лутина наместо закрепнување. На капеланите, монасите, монахињите и волонтерите кои работат во затворите и го проповедаат евангелието, тој рече: Кога ја гледате својата сиромаштија во средбата со сиромаштијата, добро е, затоа што е важно да се признае потребата за прошка. Оваа ваша сопствена мизерија ќе стане сад на Божјата милост. Од оние на кои им е простено, ќе станете веродостојни сведоци на Божјота прошка.
Никогаш немојте да се затворите во темна ќелија на срцето без надеж, не паѓајте во рамнодушност и обесхрабрување. Бог е поголем од каков било проблем и чека да ве сака – рече папата Фрањо, обраќајќи им се на затворениците, охрабрувајќи ги затоа што тие се во Божјото срце, иако се чувствуваат изгубени и недостојни. Застанете пред распнувањето, пред Исус, во едноставност и искреност – рече Папата, додавајќи: Оттаму, од скромната храброст на оние што не се лажат себеси, повторно се раѓа мир, доверба дека сме сакани и сила да продолжиме понатаму. Можам да замислам и да видам во вашите очи разочарување и фрустрација, додека надежта сè уште ви чука во срцето, честопати поврзано со сеќавањето на вашите најблиски. Храбро, никогаш не гасете го пламенот на надежта.
Доживотен затвор не е решение, туку проблем што треба да се реши. Затоа што ако надежта се затвори во ќелија, нема иднина за општеството. Никогаш не лишувајте ги луѓето од правото повторно да започнат од почеток – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк