Црквата денес го празнува свети Иван Крстител, Господовиот Претеча, неговото раѓањето не за земјата, туку за небото. Помеѓу сите маченици има особена чест од Црквата да му се слави раѓањето на земјата на 24 јуни (7 јули) како и неговата смрт на 29 август (11 септември). Овој ден Црквата се споменува на обезглавувањето на свети Иван. Еден Отец на Црквата вели: caput prophetae factum est pretium meretricis – главата на пророкот станала цена на една распуштеница. Еве со каква итрина делува демонот против Христовите светци! Да помислиме на непријателството кое Господ го постави уште од самиот почеток помеѓу добрите луѓе и светците, кои му припаѓаат на Исуса, и потомството на Сотоната, древната змија. Ниеден мировен пакт не може да го отстрани ова непоправливо непријателство. Страшни се измамите на демонот, затоа што во нив најсушествената сензуалност се обединува со најодвратната суровост. Сензуалноста и суровоста се две алатки на Сотоната кои секогаш одат заедно.
(…) За да се биде маченик, не е доволно да се биде убиен. Неопходно е да се умре за Христос, т.е. за нешто што го надминува нашиот живот. (…)
Свети Иван Крстител умре за една вистина, не од шпекулативен, туку од етички карактет. Честопати, пред сѐ христијаните во првите векови, умирале за да ја потврдат содржината на верата, на пример за да ја исповедаат божественоста Христова, Единородниот син на Отецот, или за да кажат дека не постојат други богови. Додека пак свети Иван Крстител бил подложен на смрт поради друга причина – поради практична и морална причина. Свети Иван Крстител умира поради храброто предупредување упатено до Ирод. Претечата Христов строго и јасно му вели: „Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!“ Значи свети Иван умира заради светоста на семејството, на бракот, за доблеста на чистотата.(…)
Свети Иван Крстител умира за една природна вистина: светоста на бракот. Брачната чистота е една вредност која нема потреба да биде откриена: таа е испишана во човечката природа. Кој умира исто така за најоддалечената вистина од центарот на верата, за една вистина која е дел верата, тој сепак умира за целата вера. Свети Тома Аквински вели: „Причината поради која веруваме во вистините откриени од Бога не се разликуваат една од другата вистина. Се верува не заради содржината која Бог ја открил, туку заради фактот дека Бог ни се открил“. Затоа сите вистини на верата подеднакво се важни: или сѐ се верува или, ако нешто се исклучува, не се верува повеќе. (…) На пример се верува во Пресветото Троиство, но не во Светата Тајна Венчание. На тој начин се прави избор. Додека пак за Господ сите вистини, шпекулативни или морални, се дел од единствената, неразделна и целосна вистина.
Свети Иван, умирајќи за светоста на бракот, станува маченик за верата.
Томас Тин/З.А.