Постојаниот набљудувач на Светиот престол при Обединетите нации надбискупот Бернардито Ауза одржа говор на 71 седница на Генералното собрание на Обединетите нации за макроекономската политика во контекст на Агендата 2030 за одржлив развој.
Надбискупот Ауза порача дека Светиот Престол е охрабрен со зголемувањето на бројот на земјите учеснички во глобалната економија, но исто така е свесен за бројните предизвици на земјите во развој. Токму тие земји – смета апостолскиот нунциј – треба да останат во центарот на вниманието за да не заостанат уште повеќе во развојот. Нивниот развој треба да се смета како дел од она што папата Фрањо го нарекува „глобално општо добро“ и не смее да се заборави додека развиените земји даваат предност на своите национални интереси.
Надбискупот Ауза исто така ја истакна важноста на извозот на примарните добра за финансирање на најслабо развиените земји, но токму затоа економијата на тие земји е кревка, затоа што зависи од цената на примарните добра. Заради тоа – смета нунцијот – трансферот на технологијата, индустриската диверзификација и зајакнувањето, како на локалните така и на регионалните пазари, остануваат неопоходни мерки во избегнувањето на т.н. „замките за извоз на примарните добра.“
Постојаниот набљудувач на Светиот Престол смета дека обезбедувањето на стабилен, ефикасен, инклузивен меѓународен финансиски систем е од клучно значање за остварување на Агендата 2030 и ниту една земја не смее да се стави настрана. Предупреди дека надворешниот долг на слабо развиените земји да не стане неподнослив товар за населението на тие земји или пречка за развојни проекти.
Апостолскиот нунциј говореше и за „еколошкиот долг“ кој развиените земји го имаат кон неразвиените земји и потсети дека Договорот од Париз утврдува дека развиените земји ќе им овозможат финанскиски средства на неразвиените земји со тоа да ги ублажат последиците од климатските промени, но и да ги остварат обврските од Конвенцијата. „Сите ние мораме да понудиме помош, која е неопходна за здрава околина и со голема посветеност да се грижиме за нашиот заеднички дом,“ рече на крајот од својот говор надбискупот Бернардито Ауза.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк