Овој цртеж минатата седмица се проширил на социјалните мрежи, пишува ChurchPOP. Прикажува дете во утробата како очајнички се држи за јаже, кое е споено со срцето на мајката, и така се обидува да ги избегне инструментите со кои би требало да биде убиено. Цртежот оргинално е објаевн на фејсбук страницата NO al aborto, SI a la VIDA (Не на абортусот, да за животот) и до сега оваа слика од таа страница е споделен повеќе од 4 илјади пати.
Кога цртежот го презема фејсбук страницата Choice42, споделен е повеќе од 12 илјади пати и е пропратен со бројни коментари. „Не можам да верувам колку сето ова е трагично“ – пишува во еден коментар. Друга читателка коментира: „Ова е една од највознемирувачките слики кои ги имам видено во последните 20 години од својата клиничка пракса. Благодарам што ја објавивте оваа слика. Ја покажува целата трагедија на овој чин“.
Битно нет/к.мк