„Јас сум со вас“ (сп. Матеј 28,20) е темата за првиот Светски ден на возрасни, кој ќе се слави во недела на 25 јули. Ова е објавено во соопштението од ватиканскиот прес-центар.
Избраната тема „има намера да ја изрази близината на Господ и Црквата кон животот на секој возрасен човек, особено во ова тешко време на пандемија – стои во соопштението. „ Јас сум со вас преку сите дни“ исто така е ветување за близина и надеж кои младите и старите можат да ги изразат заедно. Всушност, не само што внуците и младите се повикани да бидат присутни во животот на старите лица, туку и постарите, бабите и дедовците имаат еванглизациско послание, да навестуваат, да молат и да ја пренесат верата на новите генерации.
За да го поттикне одбележувањето на Денот во локалните цркви, движења и здруженија, Дикастеријата за латиците, семејството и животот во Ватикан ќе понуди, од средината на јуни, некои пасторални насоки, кои ќе бидат достапни на интернет страницата www.amorislaetitia.va
Ватикан њуз/к.мк