Програмата за средбата на млади, која традиционално собира десетици илјади млади луѓе во еден европски град за новогодишната ноќ, ќе се емитува преку интенет во живо од Тезе од 27 декември до 1 јануари.
Во пандемијата со коронавирусот, програмата за средбата со младите ќе се емитува целосно на интернет, така што младите луѓе од целиот свет можат да учествуваат на молитвите, работилниците и катехезите – соопшти Заедницата Тезе. Овогодинешното мото на средбата е „Во надеж против секоја надеж – порака за 2021 година“. Ова е водено и мислата водилка во писмото испратено по овој повод од водачот на заедницата од Тазе, брат Алоис. На централниот настан на 31 декември вечерта „Молитва за мир во светот“ ќе се приклучат млади од 25 земји.
Оваа година состанокот требаше да се одржи во Торино, кој во јуни беше одложен за една година поради пандемијата. Така, новогодишната средба на млади прв пат се одржува во Тезе и ќе се пренесува во живо на Youtube каналот на Заедницата.
Повеќе информации за средбата на линкот
Ватикан њуз/к.мк