Неделно Слово: Педесетница – Духовден

Неделно Слово: Педесетница – Духовден

Ви го пренесуваме размислување за Недела на Педесетница – Духовден, според Евангелието од Иван 7,37-52;8,1-12, кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија

Читање на светото Евангелие според Иван (7,37-52;8,1-12)

А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.” А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина, Овој е пророк!” Други велеа: „Овој е Христос.” А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? Не е ли речено во Писмото: дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од грачето Витлеем, од каде што беше Давид?” И така настана во народот распавија за Него. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?” А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.” Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него? Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет.” Никодим, пак, кој беше отишол при Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: Осудува ли нашиот Закон човек, дури најнапред не го сослушаат и не узнаат што прави? А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и види дека пророк од Галилеја не се јавил.”

А Исус отиде во Елеонската Гора. Утредента пак дојде во храмот и сиот народ доаѓаше при Него. А Он седна и гипоучуваше. Тогаш книжниците и фарисеите доведоа при Него една жена, фатена во прељубодејство; па како ја изведоа насреде, Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?” Тоа го рекоа за да Го искушаат и да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не гледајќи ги. Но кога продолжија да Го запрашуваат, Он се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!” И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните; остана Исус Сам со жената, која стоеше насреде. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?” А таа рече: „Никој, Господи.” Тогаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.” И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот.”

Категорија: Вера, Духовност

За авторот